Вести

Студија на Универзитетот во Оксфорд: Убер го намалува бројот на сообраќајни повреди

Угледните експерти од Оксфорд го направиле истражувањето со колеги од Универзитетот Бокони и Универзитетот на Калифорнија-Дејвис и дошле до заклучок дека функционирањето на Убер имало позитивен ефект и за 9 проценти се намалени сериозните повреди заработени меѓу учесниците во сообраќајот

20/02/2020

Универзитетот од Оксфорд објави студија според која зголемената популарност на Убер услугите во Велика Британија, донеле намалување на бројот на повреди во сообраќајни несреќи.

Угледните експерти од Оксфорд го направиле истражувањето со колеги од Универзитетот Бокони и Универзитетот на Калифорнија-Дејвис и дошле до заклучок дека функционирањето на Убер имало позитивен ефект и за 9 проценти се намалени сериозните повреди заработени меѓу учесниците во сообраќајот.

Студијата е направена со користење податоци и статистики од градовите во кои Убер има дозвола за работа и споредба меѓу повредите кои биле регистрирани пред и по достапноста на овој вид услуга, при што заклучокот е дека имал позитивно влијание врз намалувањето на скршеници и внатрешни повреди.

Проценката на експертите е дека активирањето на Убер имало вакво влијание поради намалување на случаи на возење во алкохолизирана состојба, при што тие решиле да стигнат до својот дом на алтернативен начин. Интересно е што само податоците во Лондон не го следеле трендот, бидејќи таму се зголемил бројот на помали повреди, што авторите на студијата го проценуваат како последица на поголемиот број автомобили во градот по пристигнувањето на Убер.

За да има и втор дел од студијата и да биде појасно колку првиот дел открил позитивен ефект од Убер, авторите најавија дека сега ќе започнат со споредба на податоците во градовите каде Убер ја загубил лиценцата за работа.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider