Slider

Вести

Subaru го најави новиот BRZ, но тој нема да биде достапен во Европа

Slider

09/11/2020

Toyota и Subaru заеднички ја развија и втората генерација на спортските модели GT86, односно BRZ, а на купувачите прв ќе им биде понуден моделот на помалиот бренд.

Subaru ја закажа официјалната премиера на новиот BRZ на 18 ноември, засега не се познати многу детали, освен најважниот за купувачите на овој континент.

Новата генерација на Subaru BRZ нема да биде понудена во Европа и извозната квота на спортскиот модел ќе биде насочена само за американскиот пазар.


Она што може да се очекува од интересниот новитет е посериозна еволуција на дизајнот, уште подобри перформанси и употреба на TNGA платформата на Toyota.

Фановите на Subaru BRZ најмногу се интересираат за погонската единица, а таму се очекува напредок во моќноста за најмалку 50 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider