Slider

Вести

Subaru го прекинува производството на спортскиот BRZ

Slider

Јапонскиот производител истакна дека BRZ го завршува процесот на активна продукција во фабрика, па неговите последни купувачи ќе мора да изберат меѓу преостанатите примероци и нема да имаат многу простор за персонализација

31/07/2020

Осум години откако го започна производството, Subaru ги информираше своите потенцијални купувачи дека моделот BRZ наредниот период може да се најде само во залихата на продажната мрежа.

Јапонскиот производител истакна дека BRZ го завршува процесот на активна продукција во фабрика, па неговите последни купувачи ќе мора да изберат меѓу преостанатите примероци и нема да имаат многу простор за персонализација.

Ова веројатно значи и крај на производството и на Toyota GT86, модел кој е технички близнак на Subaru BRZ и се произведува во истата фабрика во Јапонија.

Засега Toyota не го потврдила ваквото сценарио.

Она што сепак може да ги радува фановите на јапонските спортски автомобили е што соработката на Subaru и Toyota наскоро ќе донесе нов спортски модел на сцената, а специјализираните медиуми најавуваат дека истиот ќе ја користи TNGA платформата на Toyota, која ќе добие ревизија за да поддржи автомобил со погон на задната оска.

Во меѓувреме јасно е дека јапонските брендови ќе ги искористат своите најнови технолошки иновации за овој автомобил, а ќе понудат и изразено подобра изработка на ентериерот и кокпитот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider