Slider

Вести

Субвенциите ја претворија Унгарија во рај за моделите со седум седишта

Slider

Уште во првиот месец од објавувањето на законот, 2.500 семејства испратиле барање за да им биде одредено паричното олеснување кое воопшто не е мало, односно изнесува по 7.600 евра по автомобил, а до почетокот на август таа бројка стигнала до 8.000 апликации

17/10/2019

Актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан пред неколку месеци ги соопшти новите мерки со кои неговата влада одреди повеќе бенефиции за многудетните семејства, а една од нив е поврзана и со купувањето нов автомобил.

Државата реши да им помогне на семејствата со три или повеќе деца во обидот да стигнат до нов автомобил, но субвенцијата која ја одреди е поврзана само за автомобили со најмалку седум седишта.

Уште во првиот месец од објавувањето на законот, 2.500 семејства испратиле барање за да им биде одредено паричното олеснување кое воопшто не е мало, односно изнесува по 7.600 евра по автомобил, а до почетокот на август таа бројка стигнала до 8.000 апликации. Унгарските власти се надеваат дека на ваков начин до нов автомобил ќе стигнат околу 10.000 семејства, а само за првата година е одвоена сума од 15,5 милиони евра за оваа цел.

Фактот што автомобил како Dacia Lodgy влезе меѓу најпродаваните десет модели во месец септември во Унгарија воопшто не изненадува, бидејќи се работи за автомобил кој е најевтин во понудата на возила со седум седишта. Доколку имате најмалку три деца и сакате да купите Lodgy, во Унгарија ќе треба да платите само 5.600 евра.

Списокот на алтернативи не е мал, па така купувачите може да ја искористат субвенцијата за да купат автомобили меѓу кои се и Citroen Berlingo, Ford Grand C-Max, Renault Grand Scenic, Peugeot 5008, Skoda Kodiaq, VW Touran, Fiat 500L Living, Opel Zafira, Seat Tarraco, Kia Sorento, Hyundai Santa Fe, но дури и премиум модели како BMW 2 Grand Tourer/X5/X7, Land Rover Discovery/RR Sport, Lexus RX, Mercedes GLE/GLS, Audi Q7, BMW X5 и Volvo XC90.

На списокот е и Tesla Model X, за кој може да се добие и субвенција поради електричниот погон. Купувачите кои ќе купат автомобил на ваков начин, не смеат да го отуѓат наредните три години, а притоа задолжително мора да истакнат налепница на која ќе стои слоганот „Унгарија за семејствата“.

Пробивот на моделите со седум седишта меѓу најпродаваните се очекува допрва бидејќи дел од нарачаните примероци се уште не се пристигнати до семејствата, а со тоа и не се пријавени како нови регистрации. Со оглед на бројот на достапни модели, педантните колеги од Унгарија пресметаа дека семејствата може да аплицираат за над 1.000 различни изведби и варијации во овој сегмент.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider