Slide 1

Вести

SUV гамата го носи Volvo до рекордна продажба во 2021

Slide 1

Интересно е дека во вкупната продажба за првите 6 месеци од годинава плаг-ин хибридите учествуваат со 24.6%. Продажбата на овие модели, кои Volvo ги брендираше како "Recharged" се зголеми за 150% во однос на претходните години.

03/07/2021

Шведскиот автомобилски бренд Volvo забележа рекордни 380.757 продадени автомобили во првата половина од 2021 година. Овој резултат, заедно со одличните бројки во втората половина од минатата година е силен показател дека шведскиот премиум бренд успешно ја надмина кризата која минатата година ги зафати сите автомобилски производители како резултат на коронавирусот, а која шведскиот бренд го чинеше умерен пад во продажбата од 6.2 проценти.

Имено, продажбата помеѓу јануари и јуни годинава е повисока за дури 41% споредено со истиот период минатата година, кога продажбите беа отежнати поради рестрикциите во движењето на луѓето. Уште поважно е што компанијата го надмина и рекордот од 340.826 продадени возила кој го постави во првата половина од 2019 година.

Интересно е дека во вкупната продажба за првите 6 месеци од годинава плаг-ин хибридите учествуваат со 24.6%. Продажбата на овие модели, кои Volvo ги брендираше како “Recharged” се зголеми за 150% во однос на претходните години. Имено, во 2020 нивниот удел во вкупната продажба на Volvo изнесуваше 19.8%, а во 2019 само 6.8%.

Успехот на електрифицираните модели доведе до исполнување на просечните Co2 квоти на ниво на целата гама од страна на брендовите Volvo и Polestar – два сестрински бренда во сопственост на кинеската компанија Geely.

Како резултат на ова, минатата година Volvo склучи лукративен договор со Ford за заедничко прикажување на Co2 квотите (пракса што е во согласност со правилата на Европската Унија), со што и помогна на американската компанија да избегне плаќање на казни кон Европската Унија заради неисполнување на Co2 таргетите за 2020, најмногу заради проблемите кои Ford ги имаше со испораките на плаг-ин хибрид изведбата на Kuga.

Доколку се погледне продажбата на Volvo по модели, најдобро продаван модел и понатаму е XC40 со 118.121 продаден примерок. Поголемите SUV модели XC60 и XC90 се на второто и третото место, со 113.500, односно 54.177 продадени примероци респективно, потврдувајќи ја се поголемата популарност на SUV моделите кај купувачите.

Што се однесува до одделните пазари, продажбата е зголемена во трите клучни пазари – Европа, Кина и САД. Годишниот разт во Европа изнесува 35.4%, висок процент кој е резултат и на зголемената продажба на Volvo во Велика Британија.

Рекордот во продажбата во првите 6 месеци од годинава е значаен бидејќи е втор во низа по ланскиот остварен во периодот јули-декември 2020. Тоа навестува позитивен тренд, кој доколку продолжи со иста динамика во втората половина од годинава, може да му донесе нов годишен рекод на Volvo, надминувајќи го неодамнешниот – оној од 2019 година кога компанијата продаде 705.452 примероци.

Растот во последните 4 квартали е значаен и како навестување за зголемување и на добивката која минатата година забележа пад од 40.5%, а изнесуваше 862 милиони Евра во апсолутен износ.

Повеќе содржини за Volvo:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla