Slide 1
Slide 1

Вести

SUV компас за актуелните и новите фанови: Освежениот Jeep Compass пристигна во Македонија

Slide 1
Slide 1

12/05/2021

Jeep успешно ја приближи својата понуда со претставувањето на Renegade и Compass, a компактното SUV дуо на американскиот бренд е вистинско огледало на дозата европеизација, која им е вбризгана на двата модела кои се произведуваат во Италија.

Актуелната генерација на Compass успева да одржува атрактивен однос на вложено/добиено, а истовремено да ги задржи во својата понуда препознатливите 4×4 квалитети на Jeep, за сега да оди чекор понатаму со освеженото издание кое купувачите веќе можат да го погледнат во продажната мрежа на „Аутомобиле СК“.

Фејслифтот на Compass подразбира дискретни промени на екстериерот, компактниот SUV ја задржува својата препознатлива појава која е инспирирана од поголемите роднини од Jeep семејството, а сепак може да се пофали со подинамична силуета која го прави и урбан заводник со американско-италијански корени.

Новиот Compass најмногу напредува во однос на системите за пасивна и активна безбедност и технологијата, па возачот добива напредни асистенти, вклучувајќи го и Highway Assist, кој подразбира полу-автономно возење на отворено и драстично намалување на ризикот поради невнимание на возачот.

Во понудата се мотори кои ја исполнуваат 6d нормата, може да се добие бензинска изведба со 130 и 150 коњски сили, како и дизел изведба со 120 коњски сили. Изборот на трансмисија 6-степена мануелна и 7-степена со двојна спојка кој оди во комбинација само со помоќниот бензински мотор.

Поквалитетните материјали искористени за уредување на опкружувањето на возачот и патниците е надополнето со еволуцијата во однос на дигитализацијата, а тоа значи 10,25-инчна дигитална инструмент табла и 10,1-инчен централен екран, чија повисока позиција ја олеснува комуникацијата со возачот, а во чија позадина е најновата генерација на инфо-забавниот систем Uconnect.

Посебен предизвик во портфолиото на Compass е плаг-ин хибрид изведбата со наставка 4xe, која истовремено го доби фејслифт третманот, па сега со уште повеќе адути ќе се наметнува како електрифицирана опција која сериозно ќе ја намали потрошувачката преку користењето на капацитетот на батеријата.

Автономијата за возење на електрична енергија изнесува околу 50 километри, а Jeep Compass 4xe може да се избере со моќност од 190 или 240 коњски сили.

Почетната цена на новиот, освежен Compass со актуелната промоција изнесува 22.890 евра.

Повеќе содржини за SUV модели:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“