Slide

Вести

SUV моделите на Peugeot ќе го добијат 48-волтниот хибриден систем развиен од Stellantis и Punch Powertrain

Slide

Овој систем ќе го замени нехибридниот погон на SUV моделите 3008 и 5008. Според францускиот производител, се очекува намалување на Co2 eмисијата за по 20 грама по километар и кај едниот и кај другиот модел.

20/02/2023

Во вториот квартал на годинава, 48-волтниот систем на Stellantis ќе започне да се вградува во Peugeot 3008 и 5008, што ќе предизвика дополнително намалување на Co2 емисијата на овие модели за 15%.

Хибридниот систем го надополнува 1.2 литарскиот трицилиндерски бензински мотор со 136 hp, кој е поврзан со шест-степена автоматска трансмисија со двојна спојка, како и електромотор кој Stellantis го развива во соработка со Punch Powertrain.

Системот се комплетира со 898 kWh батерија која е поставена под возачкото седиште.

Овој систем ќе го замени нехибридниот погон на SUV моделите 3008 и 5008. Според францускиот производител, се очекува намалување на Co2 eмисијата за по 20 грама по километар и кај едниот и кај другиот модел.

Сепак, ова нема да бидат единствените модели во гамата кои ќе го добијат новиот погон. Кај нив ќе дебитира, по што ќе биде вклучен и во хеџбекот 208, како и неговата кросовер изведба 2008, потоа во компактите 308 и 408. 

И тука не завршува неговата употреба, бидејќи, очекувано, ќе биде вграден и во модели на сестринските брендови во рамки на Stellantis групацијата како што се Opel, Citroën и DS.

Освен помалата емисија на Co2, овој погон има позитивна улога и при возењето. При ниски брзини, електромоторот со сила од 21 kW го зголемува достапниот вртежен момент и го неутрализира гапот кој природно постои кај турбо моторите. 

При сопирање електромоторот ја полни батеријата. Возможно е куси растојанија да се поминат само со помош на енергијата во батеријата, а во соопштението на Peugeot се вели дека над 50% од возењето во урбани средини може да биде без Co2 емисија.

Производителите им даваат акцент на овие благи хибридни системи за намалување на Co2 емисијата, тие се поекономични за производство во споредба со самополнечките или плаг-ин хибридните системи, а во исто време овозможуваат поелегантно движење во урбани средини, бидејќи овозможуваат вклучување на старт-стоп функцијата при што не се укрутува воланот како кај класичните бензински и дизел мотори.

Системите за трансмисија (eDCT), кои се дел од овој систем, ќе се произведуват во фабриката на Stellantis во Мец, источна Франција, како и во Италија – во Мирафори, во близина на Торино. Нивното вградување ќе започне во втората половина на следнат агодина. Stellantis планира годишен капацитет на производство од 600,000 вакви системи за трансмисија по фабрика, дел за хибридите а дел за плаг-ин хибридните модели. 

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели