Skip to content

Новитети

SUV освежување: Новиот Korando доби 1.5-литарски бензинец и тргнува во европска офанзива

Дизел изведбата подразбира 1.6-литарски мотор со 136 коњски сили и вртежен момент од 320 Nm, кој може да соработува со 6-степена автоматска трансмисија но и погон на сите тркала, a новитет во понудата е 1.5-литарскиот турбо бензински агрегат

02/11/2019

Четвртата генерација на SSangyong Korando е создадена за да биде уште поконкурентна во Европа, а третиот најголем корејскиот производител се потрудил да им парира на ривалите од секој аспект. Пред нецели два месеца, Korando беше официјално понуден во Европа со дизел мотор, но сега на сцена стапува и верзијата со 1.5-литарски турбо бензинец.

Задржувајќи дел од препознатливите дизајнерски карактеристики кои ја истакнуваат неговата робустност, Korando сега е дополнително европеизиран, изгледа привлечно и може да се надева на добар прием кај уште повеќе купувачи.

Производителот ги предизвикува купувачите во овој SUV сегмент со тврдењето дека ќе бидат изненадени од начинот на кој е изработен ентериерот и кок-питот, вметнувајќи квалитетни материјали и елементи кои во повисоките нивоа на опременост се приближуваат кон премиум друштвото.

Кожни седишта со електрично подесување, греење и вентилација, целосни LED светла, 10,25-инчна дигитална инструмент табла, 9,2-инчен централен екран осетлив на допир со вградена навигација и амбиентално осветлување се дел од силните страни на SSangyong Korando.

Kорејскиот SUV не заостанува ниту во однос на безбедносните системи и доволно е да се каже дека е достапен и со адаптивен темпомат и сите функции кои се поврзани со него, вклучувајќи и полу-автономно управување.

Дизел изведбата подразбира 1.6-литарски мотор со 136 коњски сили и вртежен момент од 320 Nm, кој може да соработува со 6-степена мануелна или автоматска трансмисија, но и погон на сите тркала, a последен новитет во понудата е 1.5-литарскиот турбо-бензински агрегат.

Истиот е со моќност од одлични 163 коњски сили и респектабилни 280 Nm, a и во овој случај производителот ја остава опцијата за мануелна трансмисија или модерна 6-степена автоматска трансмисија потпишана од гигантот Aisin.

Новиот Korando располага со меѓуоскино растојание од 2,68 метри, што е показател дека патниците на задната клупа нема да бидат  обесправени, а семејствата ќе бидат задоволни и со капацитетот на багажникот кој изнесува 551 литар и кој може да се отвори автоматски. Овој корејски SUV не заостанува ниту во однос на конективноста, па покрај Bluetooth поврзувањето, на репертоарот се и Apple CarPlay и Android Auto.

Ако воопшто постои уште некој сомнеж во европските вредности на Korando, тие ќе станат минато со фактот што овој SUV без проблеми обезбеди пет ѕвездички на EuroNCAP тестот за безбедност.

Она што може да се потенцира како најдобра вест поврзана со новиот Korando е што ќе им биде достапен и на македонските купувачи и тоа преку новиот импортер „Аутомакедонија“.

Компанијата со долго искуство во браншата најави дека првите примероци на компактниот SUV ќе пристигнат веќе следниот месец, а ќе можат да се погледнат во продажниот салон во населбата Кисела Вода.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend