Slider

Стории

SUV притисок: Комби изведбите во негатива, Skoda го има европскиот бестселер

Slider

Комби изведбите или кај нас подобро познати како каравани почнаа да се пробиваат на европските пазари во 50-те години на минатиот век, нивната популарност растеше со се почестата потреба за патување на семејствата кои имаа можност да пренесат повеќе багаж

15/10/2019

Трендовите во автомобилската индустрија постојано се менуваат, а актуелната голема популарност на SUV моделите очекувано предизвика криза кај модели од други сегменти каде има помал интерес меѓу европските купувачи.

Комби изведбите или кај нас подобро познати како каравани почнаа да се пробиваат на европските пазари во 50-те години на минатиот век, нивната популарност растеше со се почестата потреба за патување на семејствата кои имаа можност да пренесат повеќе багаж.

Сликата беше заокружена и со продукцијата на премиум брендовите кои поставија посебни стандарди, комбинирајќи го луксузниот амбиент со многу функционалност, па и спортски перформанси во одредени случаи. Но, SUV трендот нагриза сериозен дел од пазарниот удел на комби изведбите, па експертите на „JATO Dynamics“ најавуваат дека во 2025 година, во Европа ќе бидат продадени 1,5 милион автомобили, за разлика од 1,7 милиони кои се очекувани годинава и 2 милиона кои беа регистрирани во 2016 година.

Производители како Alfa Romeo, Nissan, Citroen и Honda веќе немаат ваква изведба во своето портфолио, Toyota остана само на едно комби (Corolla), Kia ги има класичниот Ceed SW и ProCeed кој е комбинација на две изведби, додека Renault, Peugeot и Ford имаат по два модела. Во меѓувреме, Renault веќе потврди дека новата генерација на Clio нема да има комби изведба, додека Ford размислува да се откаже од истата во понудата на Mondeo.

Она што нанесе голем удар на овие изведби е трендот кај американските купувачи, кои во минатото беа големи почитувачи на караваните, за сега да се фокусираат на SUV и пик-ап моделите кои им се најинтересни. Европа останува единствената надеж за производителите кои сакаат да останат во овој дел од пазарот, но неизвесно е дали тоа ќе биде доволно за да го оправда нивното задржување во понудата.

SUV фактор
SUV фактор
SUV фактор
Бумот на продажбата на SUV моделите се одрази на интересот за комби изведбите. Од 2 милиона во 2016, во 2025 се очекува продажба помала за половина милион

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Швеѓаните обожуваат комби
Швеѓаните обожуваат комби
Швеѓаните обожуваат комби
Шведска е европски пазаро со најголем удел на комби изведбите. Дури 31% од купувачите се решаваат за караван, а Volvo V60 е најпродаван модел во земјата
Шведска е европски пазаро со најголем удел на комби изведбите. Дури 31% од купувачите се решаваат за караван, а Volvo V60 е најпродаван модел во земјата
Шведска е европски пазаро со најголем удел на комби изведбите. Дури 31% од купувачите се решаваат за караван, а Volvo V60 е најпродаван модел во земјата
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Octavia на врвот
Octavia на врвот
Octavia на врвот
Skoda Octavia Combi е продадена во 92.879 примероци во првите шест месеци годинава и е европски бестселер меѓу комби изведбите во сите сегменти
Skoda Octavia Combi е продадена во 92.879 примероци во првите шест месеци годинава и е европски бестселер меѓу комби изведбите во сите сегменти
Skoda Octavia Combi е продадена во 92.879 примероци во првите шест месеци годинава и е европски бестселер меѓу комби изведбите во сите сегменти
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Audi е премиум лидер
Audi е премиум лидер
Audi е премиум лидер
Audi A4 Avant е најпродаван премиум комби модел, додека A6 Avant (фото) e број еден меѓу најголемите комби изведби
Audi A4 Avant е најпродаван премиум комби модел, додека A6 Avant (фото) e број еден меѓу најголемите комби изведби
Audi A4 Avant е најпродаван премиум комби модел, додека A6 Avant (фото) e број еден меѓу најголемите комби изведби
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Плаг-ин освежување
Плаг-ин освежување
Плаг-ин освежување
PHEV комби изведбите може да донесат освежување. VW го има Passat Variant GTE, Peugeot е тука со 508 SW PHEV, а по два плаг-ин модела имаат Volvo и Mercedes
PHEV комби изведбите може да донесат освежување. VW го има Passat Variant GTE, Peugeot е тука со 508 SW PHEV, а по два плаг-ин модела имаат Volvo и Mercedes
PHEV комби изведбите може да донесат освежување. VW го има Passat Variant GTE, Peugeot е тука со 508 SW PHEV, а по два плаг-ин модела имаат Volvo и Mercedes
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК

Slider

Во Италија и Велика Британија, во првите шест месеци годинава, само 5 проценти од продадените автомобили биле во комби изведба, а во Франција резултатот е само 4 проценти. Оптимизам испраќаат резултатите во Германија каде пазарниот удел им е 17 проценти, што не е за потценување бидејќи се работи за најголемиот европски пазар, а во Шведска тој достигнува речиси една третина од продажбата благодарение на популарноста на Volvo.

Според податоците на „JATO Dynamics“, најпродаван комби модел во првата половина на 2019 година во Европа е Skoda Octavia Combi, автомобил кој има многу фанови во Чешка и Германија, а интересно е што комби изведбата се продава двојно повеќе од класичниот седан. Во премиум сегментот, најмногу комби изведби продава Audi, a може да се потенцира и дека Volvo V60 Cross Country опфаќа дури третина од продажбата на моделот.

За задржување на позицијата во Европа, свој придонес треба да имаат и плаг-ин хибрид изведбите иако засега ги нема многу. Volkswagen веќе го продава Passat GTE, плаг-ин хибрид изведба има и Peugeot 508 SW, a наскоро ќе биде достапен и кај Skoda Superb. Во премиум друштвото, тука се Volvo V60 и V90, односно Mercedes C350e и E300de.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider