Вести

SUV сегментот без финалист во изборот за Германски автомобил за 2020 година

Германското жири е составено од 15 еминентни и искусни специзијализирани новинари, а по првичниот список од номинирани автомобили, сега се објавени и петте финалисти за признанието за 2020 година

28/10/2019

Големиот број автомобилски признанија кои се доделуваат на глобално ниво се обидуваат да го истакнат најдобриот продукт за одредена календарска етапа, а таков е и изборот за автомобил на годината во Германија.

Германското жири е составено од 15 еминентни и искусни специзијализирани новинари, а по првичниот список од номинирани автомобили, сега се објавени и петте финалисти за признанието за 2020 година.

Можеби звучи изненадувачки, но на списокот на пет финалисти нема ниту еден SUV модел, што во ситуација кога овој сегмент е најпопуларен и кај производителите и кај купувачите, покажува дека нашите германски колеги повеќе ги ценат класичните сегменти.

Списокот го отвораат најмалите Opel Corsa и Peugeot 208 кои во новите генерации се достапни и како електрични автомобили, компактите се претставени од Mazda 3, а класа погоре е BMW 3 Series чија нова генерација веќе ги освојува купувачите низ светот.

Петорката финалисти ја заокружува Porsche Taycan, првиот електричен автомобил на германскиот бренд кој со своите предиспозиции и перформанси ги помести стандардите во својата класа.

Победникот ќе биде објавен по финалното тестирање, а потсетување дека Германски автомобил за 2019 година беше Jaguar I-Pace.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider