Skip to content

Вести

SUV сегментот со нов европски рекорд, секој десетти примерок е претставник на VW Group

Volkswagen Golf комотно ја одржува првата позиција со 34.362 примероци, а во првата петорка следуваат Renault Clio(19.576) модел кој има најголем пад во Топ 25 друштвото (-17,3%), VW Polo (19.225), Ford Fiesta (18.919) и VW Tiguan (18.543)

30/11/2019

Европската продажба во месец октомври е најголема за овој месец по 2009 година, а SUV моделите продолжија да ја зголемуваат својата доминација и покрај тоа што се далеку од бестселерските позиции.

Целосната анализа на бројките на најголемите 27 европски пазари покажува дека во десеттиот месец од 2019 година се продадени 1.208.700 нови автомобили, иако во првите десет месеци вкупниот резултат значи намалување за 0,8 проценти на европската продажба.

SUV сегментот постави нов рекорд и стигна до 40 проценти од целата продажба, успехот го генерираат малите и компактните SUV модели чиј удел е 79 проценти, а ваквите резултати ја приближуваат Европа до SUV пенетрацијата во САД и Кина.

Победникот на месецот е Volkswagen Group, групација чија зголемена SUV гама донесе поголем пазарен удел за 4,4 проценти, или вкупно 25,1 процент од целата продажба. Статистиката открива дека секој десетти продаден aвтомобил во Европа во октомври, бил SUV од понудата на VW Group.

Електрифициранита автомобили забележаа раст од 41% во однос на ланскиот октомври, односно со продадени 115.700 примероци дојдоа до речиси 10% од пазарниот удел.

Од поголемите октомвриски турбуленции во однос на продажните резултати, забележителен е падот на Opel/Vauxhall (-27,5%), Suzuki (-16,9%) и Mitsubishi (-12,2%), односно растот на Audi (+64,1%), Volkswagen (+29,1%), Seat (+25,3%), Mazda (+20,2%), Renault (+16,1%) и Porsche (+395%).

Volkswagen Golf комотно ја одржува првата позиција со 34.362 примероци, а во првата петорка следуваат Renault Clio(19.576) модел кој има најголем пад во Топ 25 друштвото (-17,3%), VW Polo (19.225), Ford Fiesta (18.919) и VW Tiguan (18.543).

Од новите модели кои пристигнаа на пазарот, се истакнува брзиот пробив на VW T-Cross (13.557), a тука се и Citroen C5 Aircross (8.461), Skoda Scala (5.986), Mazda CX-30 (3.180), Seat Tarraco (2.986), Kia XCeed (2.797) и Skoda Kamiq (2.104).

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend