Slider

Вести

SUV трендот е сериозен, но BMW нема да се откаже од седаните

Slider

Во 2019 година, 60 проценти од продажбата на BMW отпаѓа на кросовер/SUV моделите или SAV моделите како што ги нарекуваат во BMW, но сепак тоа ни оддалеку не значи дека седаните се во опасност

09/04/2020

Популарноста на кросоверите и SUV моделите се чувствуваат и во продажбата на BMW, па колку тоа да им пречи на поконзервативните фанови на баварскиот гигант, веќе имаат поголем пазарен удел во однос на другите сегменти.

Во 2019 година, 60 проценти од продажбата на BMW отпаѓа на кросовер/SUV моделите или SAV моделите како што ги нарекуваат во BMW, но сепак тоа ни оддалеку не значи дека седаните се во опасност.

Во своето интервју за „Аутоблог“, главниот дизајнер Домагој Ѓукец зборувал и на оваа тема.

– Во минатото продававме само седани, сега речиси 60 проценти од продажбата отпаѓа на SAV изведбите.

– Поделбата 40-60, па можеби и 50-50 ќе остане, па според тоа и седаните ќе бидат релевантни и во иднина. Секако ќе има и одредена еволуција, односно модернизација на изгледот. Не може да очекуваме само класична „троделна“ силуета. Пример е Кина каде купувачите бараат повеќе елеганција, нешто меѓу седан и купе и веројатно тоа ќе биде вистинското решение за иднината, – вели Ѓукец.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider