Slider

Вести

Suzuki го спасува Jimny со трансформација во комерцијално возило

Slider

Suzuki ги истакнува квалитетите на овој модел, кој не само што добро се снаоѓа во урбаните средини каде се истакнува со специфичниот дизајн, туку ги задржува и оф-роуд квалитетите кои се препознатливи за Jimny

11/09/2020

Откако стана јасно дека Suzuki нема да може да го продава моделот Jimny во земјите од Европската Унија и тоа поради неговата поголема Co2 емисија, направи чекор со кој сепак ќе го задржи симпатичниот мал оф-роудер на европските пазари.

Единственото решение беше трансформација на Jimny во комерцијално возило, при што однадвор автомобилот останува ист, а жртвувана е само малата задната клупа, со која сега капацитетот на багажникот стигнува до 863 литри.

Нормите на ЕУ се многу строги во однос на патничките автомобили каде се брка флотен просек од околу 95 г/км, но ситуацијата е поинаква за комерцијалните возила, каде постои поголема отстапка во однос на Co2 емисијата и Jimny може да помине без да создава проблеми за производителот.

Suzuki ги истакнува квалитетите на овој модел, кој не само што добро се снаоѓа во урбаните средини каде се истакнува со специфичниот дизајн, туку ги задржува и оф-роуд квалитетите кои се препознатливи за Jimny.

Автомобилот кој ја задржува опцијата за привремено активирање на погон на четири тркала, ќе биде достапен со 1.5-литарски бензински мотор со 100 коњски сили и максимален вртежен момент од 130 Nm.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider