Slider

Новитети

Suzuki најави нов SUV со плаг-ин хибрид погон

Slider

Suzuki Across ќе располага со робустен дизајн карактеристичен за SUV од овој сегмент, погон на четири тркала, како и ентериер за кој Јапонците најавуваат пријатен амбиент и многу опции за инфо-забавниот систем и поврзување преку 9-инчниот централен екран

02/07/2020

Across е името на новиот модел во понудата на Suzuki, плаг-ин хибрид кој ќе им биде достапен на европските купувачи, а е прв резултат на соработката на производителот со Toyota.

Suzuki Across ќе располага со робустен дизајн карактеристичен за SUV од овој сегмент, погон на четири тркала, како и ентериер за кој Јапонците најавуваат пријатен амбиент и многу опции за инфо-забавниот систем и поврзување преку 9-инчниот централен екран.

Капацитетот на багажникот на 4,63 метри долгиот Across доби 490 литри, а Suzuki вели дека ќе има голем капацитет за оставање предмети низ целата кабина.

Плаг-ин хибрид погонот ќе биде составен од 2.5-литарски бензински мотор, електро-мотор и 18,1 kWh батерија на која ќе биде складирана енергијата од генераторот. Моќноста на погонот не е потврдена, но со оглед на фактот што овој модел го користи PHEV погонот на RAV4, може да се очекуваат околу 300 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider