Slide
Slide

Вести

Шведскиот бренд повикува на дружење: Volvo Open Doors Weekend во Скопје

Slide
Slide

Македонскиот импортер „Премиум АГС“ најавува Open Doors Weekend: Запознајте се со сите автомобили на Volvo и направете тест-возење на Вашиот омилен модел

14/10/2019

Фановите и досегашните купувачи на автомобил од портфолиото на Volvo Cars ги очекува интересен викенд, во кој македонскиот импортер „Премиум АГС“ најави саботно дружење со гамата на шведскиот бренд, отсега збогатена и со најновата генерација на Volvo S60.

Оваа сабота од 10:00 до 17:00 часот, сите заинтересирани за автомобилите на Volvo ќе можат да бидат дел од настанот Open Doors Weekend, a покрај тоа што првпат пред домашната јавност ќе биде претставен новиот S60, посетителите ќе можат да се дружат и со сите останати модели на шведскиот бренд.

Вратите на новиот Volvo Centar во Скопје ќе бидат отворени за сите посетители и љубители на брендот, а тимот за продажба на Volvo Cars ќе ги пречека подготвен со сите информации кои би можеле да ги интересираат.

Воедно, настанот ќе биде можност за секој од посетителите да направи тест-возење кое треба да го закаже најдоцна до четврток на телефонскиот број 02 2 6159 800 или на https://volvocars.mk.

Сите информации за настанот во сабота можете да ги пронајдете на следниот линк.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1