Slider

Новитети

Светска премиера на Citroën C4: Заводнички концепт со гарантиран комфор и автономија од 350 км за ë-C4

Slider

30/06/2020

Citroën има долга традиција во сегментот на компактни хечбек автомобили и над 12 милиони продадени примероци во овој сегмент, а новиот C4 првпат ќе подразбира и електрична изведба во својата понуда.

Денеска, францускиот бренд ја одржа дигиталната премиера за новата генерација на C4, чии први фотографии беа објавени минатата недела, за сега да бидат надополнети со сите детали за класичниот C4 и ë-C4.

Новитетот во понудата на францускиот бренд добива SUV силуета која ги следи модерните трендови, па дизајнерскиот тим предводен од Пјер Леклер се чини успеал да најде вистински компромис меѓу потребната практичност и функционалност и посакуваниот модерен имиџ.

Citroën C4 е долг 4,36 метри, широк 1.800 милиметри, ќе пристигне со клиренс од 15,6 сантиметри, а почетниот капацитет на багажникот ќе изнесува 380 литри.

Ентериерот е подготвен за да овозможи посакуван амбиент за возачот и патниците, а покрај хед-ап проекција, достапен е 10-инчен централен екран, како и иновативен „смарт пад“, односно држач за паметни уреди пред совозачот.

На купувачите ќе им бидат достапни 31 различна комбинација за персонализација на изгледот на екстериерот, а купувачите ќе избираат и меѓу 6 комбинации за ентериерот и тркала во распон од 16 до 18 инчи.

Електричниот C4 ќе располага со 50 kW батерија која овозможува автономија од 350 литри (WLTP) и моќност од 136 коњски сили, а максималната брзина ќе биде ограничена на 150 км/ч. По осум години или минати 160.000 километри, производителот гарантира дека батеријата ќе задржи најмалку 70 проценти од својот почетен капацитет.

Оние кои ќе се одлучат за класичните погонски единици, ќе може да изберат меѓу бензинските мотори со 100, 130 и 155 коњски сили, односно BlueHDi дизел изведбите со 110 и 130 коњски сили.

Новиот Citroën C4 е најавен со 20 различни напредни технолошки системи за безбедност и асистенција за возачот, а посебен акцент е ставен на комфорот.

Традиционално, Citroën внимава на овој сегмент во секој автомобил, па во рамките на програмата Citroën Advanced Comfort, во C4 се добиваат нови седишта, посакувана изолација во кабината, како и прогресивни хидраулични перничиња во рамките на суспензијата.

Овој модел на францускиот бренд ќе се произведува во Шпанија, производството ќе започне на крајот на летото, а првите примероци во продажните салони може да се очекуваат до крајот на годината.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider