Slide
Slide

Новитети

Taycan ја пренесува спортската ДНК на Porsche во електричен атлет

Slide
Slide

10/09/2019

Интенцијата на Porsche навреме да активира својот електричен автомобил не го наруши сериозниот пристап на инженерите, чија главна задача беше да го испорачаат препознатливиот спортски карактер на брендот.

Taycan е подготвен како врвен спортист со електричен погон и автомобил кој мора да вози како Porsche 911, a истовремено да импресионира и со перформансите, но и со автономијата која ја обезбедува батеријата.

Автомобилскиот саем во Франкфурт е локација на која Taycan ќе биде претставен една недела по официјалната промоција на три континенти, на која беа објавени и сите детали поврзани со електричниот автомобил кој во иднина ќе добие Cross Turismo изведба.
Turbo изведбата ќе располага со максимални 680 коњски сили и автономија од 450 километри, додека помоќниот Turbo S ќе развива 761 коњска сила и ќе може да се вози околу 412 километри со едно полнење на батеријата.

Porsche Taycan располага со иновативна двостепена трансмисија на задната оска и целосно дигитализиран кок-пит, во кој покрај големата дигитална инструмент табла, возачот има уште два екрана на централната конзола, а еден екран може да биде поставен и пред совозачот.

Овој автомобил е понапред од ривалите во однос на технологијата за полнење бидејќи располага со 800-волтен систем или двојно повеќе од вообичаените 400 волти за електричните автомобили.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1