Slide 1

Новитети

Технологија од радари, камери и ултразвучни сензори во шестата генерација на Opel Astra

Slide 1

Се чини дека од оваа генерација Astra ќе го следи Peugeot во позиционирањето во таканаречениот "upmarket" сегмент.

14/07/2021

Шест години по лансирањето на петтата, Opel официјално ја претстави и шестата генерација на Opel Astra.

Astra е претпоследниот модел на Opel кој ја напушта технологијата на General Motors и започнува да користи некои од технологиите развивани од страна на сестринските брендови во новоформираната Стелантис групација.

Таков е случајот со EMP2 платформата на која е поставена новата Astra, а се користи од страна на неколку модели на сестринските брендови на Opel, како што е новата генерација на Peugeot 308. Од францускиот бренд ќе бидат преземени и моторите.

Бензинските изведби стартуваат со 1.2-литарски бензински мотор со три цилиндри и 110КС или 130КС, а опција е и турбо дизел мотор со четири цилиндри и 130КС.

Сличностите со сестринскиот бренд Peugeot не се само во дизајнот туку и во пазарното позиционирање. Се чини дека од оваа генерација Astra ќе го следи Peugeot во позиционирањето во таканаречениот “upmarket” сегмент.

galerija1
Новиот "Vizor"
6-тата генерација во предниот дел го "наследува" новиот "Визор" од своите претходници Mokka и Grandland. Со тоа во историјата заминува решетката со црн панел.
galerija1
168 LED сијалички
Краевите на Визор-от се надополнети со новиот LED систем кој може да биде опремен со "Intellilux" опцијата која вклучува 168 посебни LED сијалички кои поединечно го менуваат интензитетот на осветлување во зависност од условите на патот.
galerija1
Два 10-инчни екрани во целина
"Pure Panel" инструмент таблата се карактеризира со минималистички изглед и на минимум го сведува бројот на физички копчиња. Таа вклучува два широки 10 инчни екрани кои визуелно формираат геометриска целина.
galerija1
Дигитална навигација
Сега возачите ќе пристапуваат до командите преку централниот екран осетлив на допир. Слично како и кај Peugeot, под централниот екран има неколку копчиња за брза навигација.
galerija1
50 километри за 2 часа полнење
Електричниот мотор ја црпи енергијата од 12.4kWh литиум-јон батерија која овозможува околу 50-тина километри електрична автономија.
galerija1
"ASTRA" во фокусот
Уште една заедничка карактеристика со останатите модели од групацијата е испишаното име на моделот кое се протега низ долниот дел од капакот на багажникот.

претходна
следна

Овој правец на Astra наметнува електрифицирани изведби во понудата. При лансирањето на почетокот на следната година ќе бидат достапни две плаг-ин хибрид изведби, покрај бензинските и дизел изведбите.

PHEV изведбите ќе бидат придвижувани од 1.6 литарски турбо бензински мотор со четири цилиндри, со 150КС или 180КС заедно со електричен мотор со 110КС и 8-степен автоматски менувач.

Електричниот мотор ја црпи енергијата од 12.4kWh литиум-јон батерија која овозможува околу 50-тина километри електрична автономија. Од Opel потенцираат дека батеријата ќе може да се полни за помалку од 2 часа на 7.4kW полнач, но на домашен електричен приклучок од 2.3kW за комплетно полнење ќе ви бидат потребни околу 7 часа.

Што се однесува до дизајнот, 6-тата генерација во предниот дел го “наследува” новиот “Визор” од своите претходници Mokka и Grandland. Со тоа во историјата заминува решетката со црн панел. Краевите на “Визор”-от се надополнети со новиот LED систем кој може да биде опремен со “Intellilux” опцијата: 168 посебни LED сијалички кои поединечно го менуваат интензитетот на осветлување во зависност од условите на патот.

За комплетен визеуелен впечаток купувачите ќе може да изберат и различна боја на кровот.

Уште една заедничка карактеристика со останатите модели од групацијата е испишаното име на моделот кое се протега низ долниот дел од капакот на багажникот.

Новата Astra незначително порасна во должина и ширина, но не и во висина. Во однос на седмата генерација, оваа Astra e 15-милиметри пониска. Тоа дополнително го нагласува спортскиот карактер кој ќе им се допадне на многу од верните фанови кои овој модел ги придоби во изминатите 30 години откако името Astra беше воведено за да го наследи легендарниот “Kadett”.

Меѓуоскионото растојание е исто така зголемено за дополнителни 13мм што овозможува поголема удобност во кабината, без компромис во однос на капацитетот на багажникот кој изнесува 422 литри.

И во ентериерот има радикални разлики во однос на претходникот.

Повторно се забележуваат дизејнерски елементи преземени од останатите модели на брендот. Така е со “Pure Panel” инструмент таблата, која се карактеризира со минималистички изглед и на минимум го сведува бројот на физички копчиња. Таа вклучува два широки 10-инчни екрани кои визуелно формираат геометриска целина.

Сега возачите ќе пристапуваат до командите преку централниот екран осетлив на допир. Слично како и кај Peugeot, под централниот екран има неколку копчиња за брза навигација.

Технологијата ќе биде еден од аргументите за повисокото пазарно позиционирање на новата Astra. На сите четири страни на возилото ќе биде вградена по една камера како надополнување на мултифункционалната камера поставена на ветробранското стакло. Камерите ќе бидат поврзани во систем заедно со 5 радари и 2 ултразвучни сензори, по еден во предниот и задниот дел на возилото.

Тој систем Opel го брендира како "Intelli-drive", а во пракса означува збир од технологии за полу-автономно возење, како на пример, сопирање во случај на опасност на патот и намалување на брзината во свиоци при користење на адаптивниот темпомат.

Opel најавува дека Apple CarPlay и Android Auto ќе бидат стандардни во сите пакети, а поврзувањето со мобилните телефони ќе биде комплетно безжично.

Забележливи се промените во однос на рачната сопирачка и онаа на автоматскиот менувач. Сега рачната сопирачка е речиси незабележлива, а автоматскиот менувач нема да се поместува во посебни физички позиции, туку, по примерот на Volvo, ќе биде на една фиксна позиција, а за промена во било која од позициите D, N, или R, возачот ќе треба нежно да го помести менувачот во саканата насока, по што тој се враќа на истата позиција.

Од Opel не пропушатаат да нагласат дека новата Astra е комплетно германски производ, кој е дизајниран и развиван во седиштето на компанијата во Риселсхајм каде што есенва ќе започне и сериското производство.

Погледнете останати содржини за модели од компакт класата:

Повеќе содржини за Opel:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla