Slide 1
Slide 1

Новитети

Технолошка надградба за Volkswagen Tiguan Allspace

Slide 1
Slide 1

12/05/2021

Volkswagen во 2017 година реши да ја збогати својата понуда во SUV сегментот, со додавање на поголема Allspace изведба на Tiguan.

Изведбата со поголемо меѓуоскино растојание и опција за седум седишта во Европа се продава како Tiguan Allspace, a сега дојде време и за освежување, кое е само продолжување на моделската еволуција откако класичната изведба веќе е во продажба со својот фејслифт.

Сега дојде време за трендовски третман на екстериерот и на Tiguan Allspace, а меѓу другото во иднина и кај овој автомобил ќе бидат достапни новите IQ.Light LED matrix светла.

Редизајнираниот преден дел ја зголеми должината за два сантиметера на 4.723 милиметри, а патниците во кабината и натаму добиваат сериозно голем простор, како и багажник со основни 760 литри (700 литри во варијацијата со трет ред седишта).

Tiguan Allspace добива модернизиран кокпит со повеќе контроли на допир, дигитална инструмент табла, поголем екран, најнов инфо-забавен систем, како и безжична комуникација со Android Auto и Apple CarPlay.

Освежената изведба на семејниот SUV ќе го добие и Travel Assist системот, што значи полу-автономно управување на брзини до 210 км/ч.

Од почетокот на производството, продадени се над 1,5 милиони примероци на Tiguan Allspace, а според Volkswagen дури 55 проценти од продадените примероци на Tiguan се со долго меѓуоскино растојание.

Повеќе содржини за SUV модели:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“