Slide 1
Slide 1

Новитети

Технолошки иновации од I-Pace вградени во новиот Jaguar XE

Slide 1
Slide 1

Новиот XE го добива мулти-функционалниот волан на I-Pace, како и нова „џојстик“ команда за автоматската трансмисија која е поблиска до спортските модели на брендот.

12/05/2019

Присуството на Jaguar во автомобилската индустрија отсекогаш било синоним за елеганција, луксуз и спортски карактер, а актуелните трендови во браншата наметнаа присуство во многу повеќе сегменти.

Тоа подразбираше и враќање на британскиот бренд во средната класа, односно лансирање на моделот Jaguar XE, чија главна мисија е да им парира на германските ривали, но и да добие што поголем дел од колачот во сегментот каде се уште има солидни продажни бројки.

Актуелната генерација добро си го поплочи патот кон цврста и влијателна позиција, а сега на ред е освежената изведба која носи дополнителни подобрувања и технолошка надградба.

Уште од почетокот на приказната, XE е поставен на модерна платформа и доминација на алуминиумот во конструкцијата, која е засилена со ултра цврст челик на одредени позиции, а намалената тежина подоцна има позитивно влијание врз возните карактеристики.

И кај овој Jaguar на предниот дел доминира препознатливата маска, дневните LED светла ја истакнуваат „Ј“ формата, достапни се целосни LED светла, а промени има уште на неколку елементи.

Она што е најважно, задржани се препознатливите елоквентност и елеганција како сериозен квалитет кој игра важна улога во овој сегмент.

Ентериерот го задржува премиум амбиентот со нагласување на класичниот дизајн, но и мали промени во однос на материјалите за уште подобар впечаток, XE го добива мулти функционалниот волан на I-Pace, како и нова „џојстик“ команда за автоматската трансмисија која е поблиска до спортските модели на брендот.

На централниот гребен е вметнат и Touch Pro Duo инфо-забавниот систем чии функции се поделени на два екрана, а фејслифт изведбата има можност и за безжично полнење на телефоните.

Новиот Jaguar XE ја доби и ClearSight опцијата која дебитираше кај RR Evoque, а која подразбира следење на задна камера на внатрешниот ретровизор, со што се задржува посакуваната прегледност и кога на задната клупа има повисоки патници.

Jaguar ја филтрираше понудата на мотори, задржувајќи ги најбараните опции, што значи дизел мотор со 180 коњски сили, односно бензински изведби со 250 и 300 коњски сили.

Интелигентниот погон на четири тркала и специјално подготвената суспензија со интегрален линк се дополнителни елементи кои потврдуваат дека XE останува меѓу најпретставителните автомобили во класата.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање