Вести
Tesla, Bentley и Cupra со најголем раст на продажбата во февруари
Продажбата на Cupra, спортскиот бренд во рамките на VW Group, pорасна за 81%.
Производителите Tesla, Bentley, Cupra и Honda во февруари забележаа двоцифрен, односно троцифрен раст на продажбата изразен во проценти.
Растот на продажбата на овие брендови се случува во период кога вкупниот европски пазар забележа пад од 6%.
Помеѓу 33-те брендови кои забележаа раст за време на вториот месец од годинава се Maserati, Mini, Hyundai, Kia и Porsche.
Но, помеѓу 33-те растечки брендови доминира Tesla со раст од 188%. Овој несекојдневен раст е под влијание на силната побарувачка за Model Y, кој воедно во февруари беше и најдобро продаван премиум SUV во Европа.
Брендот MG забележа раст од 133%, во најголема мера како резултат од растот на компактниот кросовер HS.
Bentley, исто така забележа раст од 94%, под влијание на побарувачката за SUV моделот Bentayga. Продажбата на Cupra, спортскиот бренд во рамките на VW Group, pорасна за 81%.
Помеѓу останатите брендови кои забележаа раст се и Maserati (30%), Mini и Hyundai (по 26%), Kia (24%) и Porsche (10%).
Помеѓу производителите кои забележаа пад се Subaru, Mercedes-Benz, Audi, Mitsubishi, BMW и Ferrari.