Slide

Вести

Tesla доцни со производството на новите 4680 батерии кои овозможуваат поголема автономија и се поевтини

Slide

Новите батерии имаат дијаметар од 46 милиметри и висина од 80 милиметри (оттаму произлегува името), а досега се вградени во мал број на примероци од Model Y произведени во фабриката во Остин, Тексас.

09/08/2022

Илон Маск вети нови цилиндрични батерии кои ќе овозможат поголема автономија и пониски трошоци. Но, две години по ветувањето, Tesla доцни со реализацијата.

Пред две години на сцената на настанот на Tesla посветен на батериите, Илон Маск претстави револуционерни батериски ќелии со поголема моќ, кои ќе бидат вградувани во новите модели како што е Cybertruck пикапот.

Но, и покрај ветувањето на Маск дека Tesla ќе произведува доволно од овие батерии за да бидат вградувани во 1 милион возила годишно, нивното производство сѐ уште е во рана фаза.

Новите предвидувања на Tesla се дека тоа ќе се случи кон средината на следната година.

“Ние произведуваме одредена количина секоја седмица и мислам дека ќе имаме голем обем на производство до крајот на годината”, изјави Маск за време на минатонеделниот состанок со акционерите.

Новите батерии имаат дијаметар од 46 милиметри и висина од 80 милиметри (оттаму произлегува името), а досега се вградени во мал број на примероци од Model Y произведени во фабриката во Остин, Тексас. 4680 батериските ќелии се пет пати поголеми од тековните 2170 батериски ќелии кои Tesla ги произведува заедно со Panasonic во фабрика во Невада.

Според најавите од Tesla, новите батерии ќе овозможат 16 проценти подобрување во автономијата споредено со 2170 батериските ќелии. Најавено беше дека и со понатамошно подобрување во материјалите на батериските ќелии и дизајнот на возилата ќе овозможат 56% зголемена автономија и 54% намалување на трошоците за производство на батериите.

Но, засега нивното производство е многу ограничено, па Tesla сѐ уште најчесто ги користи 2170 батериските ќелии. 

“Да бидам јасен, ние во моментов во автомобилите вградуваме 2170 батериски ќелии”, изјави Маск минатата седмица. “Но, важно е да нагласам дека имаме доволно 2170 батериски ќелии за да се задоволи целокупното наше производство до крајот на годината. 4680 батериските ќелии ќе бидат важни следната година”, додаде тој.

Тековното ограничено производство на 4680 батериски ќелии се соочува со недостиг на материјали. 

“Ние не ги ставивме на располагање сите наши капацитети на нивното производство”, вели Ендрју Баљино, директор на Tesla за погон и инженерство. “Нашата првична цел беше да ги поставиме основите како што треба, а потоа рапидно да го зголемиме производството”. Тој вели дека Tesla oчекува производство од барем 1,000 батериски ќелии неделно до крајот на годината.

Во февруари од компанијата објавија дека произвеле вкупно 1 милион 4680 батериски ќелии кои се доволни за 1,200 возила. Имено, во едно 2170 батериско пакување има 4,416 ќелии, додека 4680 батериско пакување содржи 828.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан