Slider

Вести

Tesla доживеа голем удар по најлошиот ден на берзата во својата историја

Slider

09/09/2020

Амбициозноста на раководството и големите очекувања на инвеститорите овозможија Tesla Motors да стигне до првото место во однос на пазарната капитализација меѓу автомобилските компании.

Но, калифорнискиот бренд го доживеа и најтешкиот ден откако е присутен на американската берза, губејќи 21 процент од својата вредност за еден ден тргување.

Изминатиов период акцијата на Tesla губеше од вредноста, но не со загрижувачки проценти, за сега да доживее голем удар и намалување на вредноста за околу 80 милијарди долари.

Причина е разочарувањето кај инвеститорите откако Tesla не беше вклучена во берзанскиот индекс S&P 500, што веднаш резултирало со зголемена продажба на акциите и пад на нивната вредност на берзата.

Експертите велат дека дополнително влијание за ваквиот епилог е и објавувањето на договорот за соработка меѓу General Motors и новиот ривал на Tesla, брендот Nikola кој исто така влегува во производство на електрични возила.

Актуелната вредност на акцијата е 34 проценти пониска од 31. август, кога го достигна својот максимум на берзата.

Според „Блумберг“, најлошиот ден на берзата за Tesla значи и виртуелна загуба од околу 16 милијарди долари за нејзиниот предводник, Илон Маск.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider