Вести
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
FSD (Full Self-driving) функционалноста беше мета на критики поради тоа што на дело оваа функционалност во голема мера се разликува од најавите на сопственикот Илон Маск.
Американскиот производител Tesla ја овозможи функцијата наречена “Full Self-Driving Beta” за сите сопственици на нивни автомобили кои се наоѓаат во Северна Америка. Секако предуслов е тие да ја имаат купено функционалноста и да ја активираат преку нивната инструмент табла.
Сѐ досега, на дел од сопствениците на возило од марката Tesla им беше оневозможено да ја користат оваа функција поради тоа што нивните карактеристики довеле до незадоволителни резултати во однос на параметрите кои се важни при дефинирањето на висината на премијата за осигурување.
FSD (Full Self-driving) функционалноста беше мета на критики поради тоа што на дело оваа функционалност во голема мера се разликува од најавите на сопственикот Илон Маск.
Имено, првата негова најава за оваа функционалност беше во октомври далечната 2016 година. Тогаш на прес конференција изјави дека автономното управување “е во основа решен проблем”.
Потоа во 2019, најави дека за околу една година, технологијата на Tesla ќе напредува толку што нема да има потреба од присуство на човек зад воланот.
Од денешна преспектива јасно е дека овие предвидувања, односно ветувања не се остварија. Функционалноста FSD сѐ уште препотставува комплетно посветен возач во возачкото седиште, е обврзан да ги држи рацете на воланот и да биде подготвен да го преземе управувањето во секој момент штом софтверот тоа го побара од него. Овој гап помеѓу ветувањата и испорачаното ја доведе Tesla до правна битка со регулаторот:
Министерството за Правда на САД, како и Комисијата за хартии од вредност ги истражуваат ветувањата на Tesla во однос на автономното управување.
Клиенти од Калифорнија во септември поднесоа тужби против Tesla во кои бараат отштета поради, според нив, “намерно невистинито рекламирање на системите за асистенција во возењето”.
И Одделот за моторни возила на Калифорнија летово јавно изнесе обвинувања кон Tesla поради наведување на клиентите во однос на можностите на FSD и Autopilot функционалностите.