Slider

Вести

Tesla го тужи ривалот Rivian поради „преземање“ доверливи информации

Slider

Судот во Калифорнија добил барање за процес, а во него Tesla тврди дека Rivian упорно регрутира поранешни или актуелни вработени на компанијата, притоа охрабрувајќи да споделуваат доверливи информации со кои ќе заработи нелегална предност

24/07/2020

Америнскиот производител Tesla најави судски процес во кој го тужи својот нов ривал Rivian и тоа за преземање или крадење на доверливи информации и деловни тајни.

Според ова обвинение, Rivian дошол до информациите преку ангажирање на поранешни вработени на Tesla, кои со новиот работодавец споделиле дел од „тајниот рецепт“ на производителот на електрични автомобили.

Судот во Калифорнија добил барање за процес, а во него Tesla тврди дека Rivian упорно регрутира поранешни или актуелни вработени на компанијата, притоа охрабрувајќи да споделуваат доверливи информации со кои ќе заработи нелегална предност.

Rivian исто така е лоциран во Калифорнија, а иако овој бренд допрва треба да почне со производство и продажба на моделите R1T и R1S, се смета за сериозен ривал поради фактот што во компанијата свои инвестиции имаат Ford, Amazon и други важни субјекти.

Tesla бара судски процес, додека Rivian ги демантира информациите дека преземала било каква интелектуална сопственост од друга компанија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider