Slide
Slide

Вести

Tesla ќе оневозможи играње на видео игри на нивниот инфотејнмент систем, по реакцијата на регулаторот во САД

Slide
Slide

Функционланоста која е предмет на истрагата е воведена во декември 2020 година. Претходно, таа можеше да се користи само кога рачката на менувачот е во позиција "P" (Park).

06/01/2022

Производителот на електрични автомобили, Tesla, ќе направи надградба на нивниот софтвер, по што ќе оневозможи лансирање на видео игри на своите инфотејнмент системи додека возилата се во движење.

Ова го соопшти Агенцијата за безбедност во сообраќајот во САД (NHTSA).

Регулаторот кон крајот на декември 2021 отвори официјална истрага која опфаќа 580,000 Tesla возила продадени од 2017 година. Истрагата се однесува токму на одлуката на Tesla да дозволи лансирање и играње на видео игри на екранот поставен на предната централна конзола.

Истрагата ги опфаќа моделите Model 3, S, X и Y кои биле опремени со функицоналноста именувана како “Passenger Play”.

Tesla веќе ја информирала NHTSA дека преку софтверска надградба ќе ја оневозможи функционалноста “Passenger Play” додека возилото е во движење.

NHTSA во континуитет прави проценки за тоа колку автопроизводителите внимаваат на можноста некои од нивните технологии да претставуваат можност за одвлекување на вниманието од возењето. Инфотејнмент системите се едни од главните “виновници” за ваквите одвлекување на вниманието на возачите.

Функционланоста која е предмет на истрагата е воведена во декември 2020 година. Претходно, таа можеше да се користи само кога рачката на менувачот е во позиција “P” (Park).

Во прашање се три додадени игри од страна на Tesla: solitaire, jet fighter и conquest strategy. При вклучување на некоја од игрите се појавува предупредување дека тие се наменети исклучиво за совозачот, по што “играчот” мора да притисне копче и да потврди дека е сопатник, а не возач, но тоа сепак, не се покажа како доволно за превенција на недозволено користење. 

NHTSA соопшти дека одвлекувањето на вниманието на возачите е причина за значаен број на сообраќајни незгоди во САД. Пред 2 години дури 3,142 незгоди биле последица на невнимание од страна на возачот. Но, експертите нагласуваат дека вистинската бројка е многу поголема, бидејќи најголем број од возачите не признаваат дека не внимавале на патот, откако ќе се случи сообраќајна незгода.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1