Вести
Tesla ќе учествува на овогодинешниот автомобилски саем во Минхен
Според извештаите на германските медиуми, американскиот производител Tesla планира да учуетвува на овогодинешниот саем на автомобилски во Минхенд
Одлуката е добредојдена за организаторите на IAA, настан кој пред две години ја смени локацијата од Франкфурт во Минхен.
Во обидот за привлекување на што поголем број посетители, присуството на Tesla ќе биде ветар во грб за огранизаторот, со оглед на тоа што електричните автомобили предизвикуваат голем интерес кај посетителите.
И покрај потврдата за присуство на неколку производители на електрични автомобили од Азија, сепак, настанот сѐ уште е во неизвесност за присуството на дел од големите автомобилски групации.
На пример, од целата Stellantis групација, засега потврдено е присуството само на Opel.