Вести
Tesla Model Y е најдобро продаван автомобил во Европа во декември, Peugeot 208 e бестселер за 2022 година
Севкупниот победник во 2022 година е Peugeot 208 со продадени 199,302 примероци.
Електричниот SUV на американскиот производител Tesla е бестселер во Европа во три од четирите последни месеци од 2022 година.
Доминацијата на Tesla ја покажува фактот што компактот – Model 3 е на втората позиција според продажбата во декември.
Tesla во декември продаде 31,562 примероци од премиум SUV моделот, што е за три пати повеќе споредено со истиот месец минатата година.
Како што наведовме, ова е трет пласман на првата позиција во последните 4 месеци, исклучок е само октомври, кога моделот не се најде ни помеѓу првите 50 најдобро продавани модели.
Во последниот месец од годината Tesla Model 3 се најде на втората позиција со продадени 20,258 примероци. Третата позиција ја зазеде Dacia Sandero со 17,592 продадени примероци, според прелиминарните податоци кои опфаќаат 94% од продажбите во Европската Унија, земјите од ЕФТА и Велика Британија.
Во 2022 година во Европа 6 различни модели успеваа да завршат на првата позиција според месечните продажби. Месечните победници се Dacia Sandero (Јануари), VW Golf (февруари и октомври), Tesla Model 3 (март), Peugeot 208 (април, мај, јуни), VW T-Roc (јули, август) и Model Y (септември, ноември и декември).
Но, севкупниот победник во 2022 година е Peugeot 208 со продадени 199,302 примероци, според прелиминарните резултати. Второто и третото место ги зазедоа Dacia Sandero и VW T-Roc.