Стории
Tesla Model Y го престигна Mercedes GLC во битката за најпродаван премиум SUV модел во Европа
За првите 6 месеци Model Y беше продаден во 41,851 примероци, со што го надмина GLC (49,554). Во статистиките недостасуваат продажбите од Финска и Португалија.
Tesla Модел S е најпродаван премиум SUV во првата половина од годинава, завршувајќи го семестарот пред ривалите, вклучувајќи го и претходниот бестселер Mercedes-Benz GLC.
Растот на продажбата на Model Y, кој се произведува и во новата фабрика на Tesla во Берлин, но и во фабриката во Шангај, покажува дека бестселерот на Tesla е на пат да го престигне дури и моделот Audi A3 – со што ќе стане најдобро продаван модел во сите премиум сегменти.
Продажбата на Tesla Model Y постојано расте по неговата комерцијализација во Европа мината година. Model Y е најдобро продаван премиум модел во Норвешка, додека во Јуни се најде на првото место според продажбата и во Шведска, а втор во Велика Британија.
За првите 6 месеци Model Y беше продаден во 41,851 примероци, со што го надмина GLC (49,554). Во статистиките недостасуваат продажбите од Финска и Португалија.
BMW X3 ја зазеде третата позиција со 31,138 продадени возила, пред Volvo XC60 со 27,836.
Дебитантот на Tesla помеѓу моделите на европските премиум производители влијаеше на тоа вкупната продажба на премиум SUV возила да помине 250,000 примероци, што е раст од 18% споредено со истиот период претходната година.
Пазарното учество на Model Y има уште еден ефект врз премиум SUV сегментот. Имено, дизелските изведби повеќе не се доминантни во сегментот. Во првата половина од годината, електричните и дизел изведбите имаа по 32% пазарен удел.
Забележлива е доминацијата на Model Y доколку се земат предвид само електричните изведби во премиум SUV сегментот. Безмалку половина од продажбите отпаѓаат на овој модел.
Што се однесува до плаг-ин хибридните изведби, тие забележаа пазарен удел од 19%. Во овој сегмент лидер е GLC со 14,379 продажби, по него е Volvo XC60 со 9,747 продажби, пред BMW X3 со 9,568 продадени примероци.
Бензинските изведби забележаа 15% пазарен удел во премиум SUV сегментот. Тука доминира Porsche Macan. Lexux NX, е забележан во посебна категорија на самополнечки хибриди, бидејќи е единствен модел со таков погон во премиум SUV сегментот.
За Model Y да стане најдобро продаван премиум модел годинава, треба да го победи Audi A3, кој е лидер според продажбата помеѓу премиум моделите, но тука се и BMW X1, Mercedes A-Class и BMW 3 Series.
Можноста на Tesla Модел Y да ја зголемува продажбата ќе зависи не само од побарувачката туку и од производните капацитети на производителот. Tesla во континуитет го зголемува производството во фабриката во Берлин, а неодамнешните најави на Илон Маск за време на состанокот со акционерите упатуваат на тоа дека седмичните производни капацитети на фабриката ќе пораснат од 1,000 возила во јуни годинава, на 5,000 возила до крајот на оваа или почетокот на следната година.
Тој вети дека производниот капацитет ќе порасне на 10,000 возила седмично до крајот на 2023 година. Целта на Tesla е фабриката во Берлин да произведува 500,000 возила годишно.
Во моментов во Берлин се произведуваат помоќните изведби на моделот, додека останатите 80% доаѓаат од фабриката во Шангај.