Slide 1

Стории

Tesla Model 3 e првиот електричен автомобил кој ја зазема првата позиција според продажбата во Европа

Slide 1

Со 24,591 продадени примероци во септември, Мodel 3 забележа раст во продажбата од 58%. Втората позиција за зазеде Renault Clio, по што следат Dacia Sandero и Volkswagen Golf.

26/10/2021

Електричниот компакт на Tesla во септември се продаде во повеќе примероци од Renault Clio и Volkswagen Golf.

Tesla Model 3 беше најпродаван модел во Европа во септември, со што за првпат еден електричен автомобил успеа да ги надмине ривалите со мотори со внатрешно согорување.

Со 24,591 продадени примероци во септември, Мodel 3 забележа раст во продажбата од 58%. Втората позиција за зазеде Renault Clio, по што следат Dacia Sandero и Volkswagen Golf.

Резултатот на Model 3 е под големо влијание на субвенциите од страна на Tesla кон продажните тимови кои ќе траат до крајот на последниот квартал.

Сепак, заземањето на првата позиција на најпродавани автомобили е значаен чекор и уште еден во низата сигнали дека автомобилската индустрија прави трансформација кон комплетна електрификација.

Владите во Европа имаат значителни субвенции за да ги натераат сопствениците на автомобили да ги продадат своите возила со мотори со внатрешно согорување и да ги заменат со електрични или барем електрифицирани автомобили. Комплетно електричните и плаг-ин хибридите веќе учествуваат со 23% во вкупната продажба во септември, што е двојно поголем пазарен удел споредено со минатата година.

Но, новиот развој на ситуацијата се случува во период кога продажбите во Европа се под влијание на глобалниот недостиг на полупроводници, кој го успорува производството и ги оддолжува испораките кон купувачите.

Растот на популарноста на електричните автомобили е охрабрувачки, но не е доволен да ги надомести намалувањата во другите сегменти.

Овој значаен резултат за Tesla се софпаѓа со очекувањето за финалното одобрение за првата гига-фабрика во близина на Берлин, каде до крајот на годината би требало да стартува производството на Model Y.

Се чини дека Tesla е во екот на најдобрите денови од своето основање, со оглед на тоа што по нарачката на 100,000 електрични автомобили од Herz, вредноста на компанијата утрово надмина еден трилион долари. 

Во однос на продажбите на електрични возила во Европа, моделите Model 3 и Model Y ги заземаат првите две места, додека моделот ID.3 на Volkswagen е на третата позиција.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental