Slide

Новитети

Tesla направи драстична ревизија на ентериерот за Model S и Plaid изведби со 1.020 кс

Slide

28/01/2021

Американска Tesla може да биде задоволна од финансиските резултати и пред се напредокот на берзата во 202о-та, а оваа година ја започнува со најава за темелен фејслифт на Model S.

Електричниот седан добива сериозни промени, кои очекувано не се толку поврзани со екстериерот, туку со уредувањето на ентериерот.

Она што прво паѓа во очи при погледот на кокпитот е специфичниот „авионски“ волан, кој со командите функционира како еден вид џојстик, додека заменет е и вертикалниот со хоризонтално поставен 17-инчен екран кој доаѓа со подобрена резолуција (2.200×1.300 пиксели).

Патниците на задните седиште ќе добијат централен екран, Tesla Model S ја задржува 12,3-инчната дигитална инструмент табла, а дизајнерите се обиделе да направат уште повпечатлива комбинација на премиум амбиент со спортски израз во кабината.

Новитет е Model S Plaid изведбата која ја заменува досегашната Performance, но пред се Plaid + изведбата која ќе биде на врвот на понудата.

Таа започнува со Long Range со два електро мотора и автономија од 663 километри, Model S Plaid добива три електро мотори, 628 километри автономија и респектабилен спринт до 100 км/ч за само 2,1 секунди. Почетната цена за најдостапната Long Range изведба е 79.990 долари за американскиот пазар.

Tesla Model S Plaid + ќе може да стигне до максимална брзина од 320 км/ч, за спринтот му се потребни и помалку од 2,1 секунди, а автономијата е зголемена до 840 километри. Максималната моќност на Plaid верзиите достигнува 1.020 коњски сили.

Американскиот производител најави дека истите промени на екстериерот и ентериерот ќе бидат имплементирани и на освежениот Model X, кој исто така ќе биде достапен наскоро во оваа нова верзија.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила