Slide

Вести

Tesla планира подостапен хечбек како ривал на VW ID.3

Slide

25/08/2020

Американскиот производител Tesla во моментов има солидни резултати со актуелната понуда на електрични автомобили, но таа наскоро нема да биде доволна во борбата со конкуренцијата.

За ова е свесен и Илон Маск, кој на последната средба со најголемите акционери и инвеститори на Tesla, посочил дека компанијата мора да ги направи своите модели подостапни.

Еден од проектите кои се најавени во говорот на Маск е компактен хечбек чија основа ќе биде Model 3, а со кој со карактеристиките и цената ќе треба да му парира на Volkswagen ID.3.

– Нема да успееме во нашата мисија ако не ги направиме автомобилите подостапни. Она што најмногу ми пречи во моментов е што нашите модели не се достапни за поширок круг на купувачи и тоа мора да го исправиме, – истакнал Маск на видео-конференцијата.

Приоритет на овој автомобил би бил европскиот пазар, па затоа и Маск планира за производство да ја користи фабриката во близината на Берлин, која треба да биде завршена до крајот на следната година.

Она што дополнително ќе биде многу значајно е и концептот во однос на погонот и капацитетот на батеријата, затоа што ако Tesla сака хечбекот да биде подостапен од Model 3, тогаш ќе мора и да ги намали трошоците за производство, што најмногу може да влијае на капацитетот на батеријата.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба