Вести
Tesla воведе нова изведба на Model S чија почетна цена е за 10,000 долари пониска од досегашната
Воведувањето на новите изведби предизвика дебата во однос на тоа дали новите основни изведби се соодветни за модел како Tesla S.
Tesla ги намали почетните цени преку воведување на нови верзии со батерии со помал капацитет и побавно забрзување.
Tesla ја намали за 10,000 долари почетната цена на своите знаменосци, седанот Model S и кросоверот Model X, преку воведување на нови изведби со помал досег.
Изненадувачкиот потег е дел од најновите маркетиншки тактики на Илон Маск за стимулирање на побарувачката за гамата која е кон крајот на својот генерациски циклус.
Ова се случува во период на забавен раст на купувањето на електрични возила во САД.
Според податоците, бројот на нови регистрации за Model S се намалени за 55% во периодот јануари-јуни споредено со истиот период минатата година. Бројот на први регистраци на Model X се намали за 5.8% за истите периоди.
Новите изведби кои се нудат се именувани како “standard range”.
Tesla, исто така, ги намали цените за дел од изведбите на модел Y во Кина, но таму намалувањата се драстично помали, нешто под 2,000 долари.
Почетната цена за новововедените верзии од Model S за САД изнесува 80,130 долари со вклучена испорака, а имаат 515 километри досег со едно полнење. Потоа доаѓа следното ниво со 650 километри досег, кој досега беше основен модел.
Американскиот производител ги објави ценовните промени на платформата “X”, поранешен Twitter.
Воведувањето на новите изведби предизвика дебата во однос на тоа дали новите основни изведби се соодветни за модел како Tesla S.
Имено, Tesla го означува забрзувањето од 0-100km/h за новата конфигурација на Model S на 3.7 секунди споредено со 3.1 секунда на изведбата која досега беше основна, а сега е втора според забрзувањето. Третата изведба, “Plaid” има забрзување од 0-100km/h за само 1.99 секунди, и започнува со цени од 110,130 долари.