Slide

Тестови

Тест: Citroën C3 Aircross – преку мека суспензија и премиум седишта до најголем комфор во сегментот

Slide

Персонализацијата на моделите е, сепак, највпечатливиот заштитен знак на Citroën. Тука производителот нуди дури 70 можни комбинации на бои, вклучувајќи и три нови бои на каросеријата. Една од нив е "Voltaic Blue" - бојата на моделот на тест.

07/09/2021

Уште при лансирањето во 2017, C3 Aircross дефинитивно го привлече вниманието на купувачите. Kомпактниот кросовер минатата година беше вториот најпродаван модел на Citroën во Франција, веднаш зад бестселерот на брендот, моделот C3. 

Во изминатите 3 години, Citroën испорача над 300.000 примероци од C3 Aircross, но од почетокот на годинава моделот се соочи со сериозна конкуренција, особено на домашен терен, каде на врвот на продажбата во сегментот се наоѓаат Peugeot 2008 и Renault Captur. 

Но, факт е дека конкурентните Captur и 2008 до неодамна имаа предност, бидејќи тие во 2019 ги добија своите втори генерации. За да овозможи фер натпревар, Citroën мораше да подготви фејслифт за C3 Aircross, коj вообичаено се прави неколку години по комерцијализацијата на моделот.

Уште од првите фотографии на редизајнираниот C3 Aircross, кои производителот ги претстави во февруари, можеше да се забележи комплетната трансформација на предниот надворешен дел.

Сега на редизајнираниот преден дел доминираат хромираните шеврони од логото кои се простираат сè до LED светлата, при што формираат целина која изгледа помасивно во споредба со претходниот дизјан. По фејслифтот, кросоверот комплетно ги замени заоблените форми со сериозен и агресивен изглед.

Што се однесува до технологијата, Citroën ќе се натпреварува со конкурентите преку адаптивниот темпомат, системите за препознавање на сообраќајните знаци и за одржување во коловозната линија, кои се достапни уште во основниот “Feel” пакет. Active City Brake системот, кој предупредува при опасност од судир, е вклучен во Shine пакетот, со кој беше опремен моделот кој го имавме на тест.

Сериски во Shine пакетот е вклучен и поголемиот централен екран осетлив на допир, кој сега има дијагонала од 9 инчи.

Мотори и погон

Во однос на моторите, нема забележливи промени. Изборот го сочинуваат два бензински (110 и 130 кс) и два дизели ( 110 и 120 кс). Сè уште во понудата нема хибридни изведби. 

Ние на тест го имавме послабиот од двата бензински мотори, со 110 КС и мануелна 6-степена трансмисија. Овој мотор испорачува прилично изненадувачки резултат. Споредено со некои мотори од конкурентските производители, трицилиндерскиот мотор е агилен, додека вртежниот момент од 210 њутн метри го прави енергичен и при пониски вртежи. Посилниот бензински мотор испорачува 130 кс, но може да се избере само во комбинација со 6-степена автоматска трансмисија. 

Citroën C3 Aircross е поставен на PF1 платофрмата, која ја користи и моделот C3. Оваа, веќе докажана платформа е проектирана за производство на автомобили со преден погон. 

Но, за оние сопственици кои планираат често да го возат компактниот кросовер во офроуд услови, го препорачуваме Grip Control пакетот, кој е достапен во сите пакети на опрема, со доплата од 360 евра. Пакетот вклучува и Hill Descent функционалност која, всушност, овозможува лесно и опуштено спуштање низ стрмни удолници преку електронско контролирање на брзината.

Grip Control е практично решение кое во многу ситуации ја заменува потребата од погон на сите тркала, кој, освен што е поскап, во исто време додава околу 150 килограми тежина на возилото. Заради тоа, Hill Descent е достојна замена, која често се користи кај компактните кросовери.

Комфор уникатен за сегментот

При влезот во кабината веднаш се чувствува значителната разлика која производителот веќе ја најави во однос на унапредувањето на Advanced Comfort седиштата. Тие сега се достапни со доплата за сума која варира помеѓу 450 и 1.000 евра, во зависност од пакетот на опрема и избраниот ентериер. 

Но, доплатата за Advanced Comfort е мудар избор, бидејќи дополнителните 15 милиметри сунгер навистина прават разлика при долгите патувања, како во нашиот случај, кога за време на тестот кога возевме безмалку 5 часа без прекин. Комбинацијата на подобрените седишта со флексибилната мека суспензија го прави компактниот кросовер најкомфорен во сегментот. 

Практичноста е аспект од кој купувачите очекуваат многу од Citroën, а во случајот со C3 Aircross, таа е нагласена преку можноста за поместување на задната клупа за 150 милиметри. Во таков случај се добиваат вкупно 520 литри товарен волумен, што го прави симпатичниот кросовер достојна замена за дисконтинуираниот C3 Picasso.

Персонализацијата на моделите е, сепак, највпечатливиот заштитен знак на Citroën. Тука производителот нуди дури 70 можни комбинации, вклучувајќи и три нови бои на каросеријата. Една од нив, “Voltaic Blue” е бојата на моделот на тест.

И конечно, тука е цената. И покрај унапредувањата, C3 Aircross сè уште е значително подостапен споредено со конкурентите од сегментот. Моделот кој го имавме на тест, со 1.2 литарски мотор со три цилиндри, 110 кс и ниво на опрема Shine, чини нешто под 19.000 евра.

Комплетниот впечаток е дека C3 Aircross е мудро позициониран од страна на производителот помеѓу конкурентите во B-SUV сегментот. Неговата практичност, функционалност и односот на цената и неговата вредност, го прават фаворит при изборот на голем дел од купувачите.

Повеќе содржини за Citroën:

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа