Slide 1
Slide 1

Тестови

Тест: Fiat 500 Hybrid – Погонски суплементи за градскиот шармер

Slide 1
Slide 1

Вообичаено, електрифицираниот погон значи и повисока цена за автомобилот, но Fiat 500 Hybrid експресно ги освои европските купувачи, бидејќи за да се користат неговите бенефиции во однос на економичноста и возните својства, цената расте минимално и тоа е еден вид инвестиција која сигурно ќе биде вратена

24/11/2020

Додека Fiat ја активираше имагинацијата на своите фанови со новата електрична генерација на Fiat 500, потребата за реално уживање во квалитетите на италијанската легенда во истиот момент, наведува на избор од актуелната понуда.

Менталитетот на возачите полека се менува и почнува да ја прифаќа електрификацијата како нова реалност (конзервативните ќе речат нужно зло), па затоа и Fiat испорача интересна изведба која го доби името 500 Hybrid.

Тоа е прва електрифицирана изведба на Fiat 500 понудена во Европа, а привилегијата да ја запознаат, ја имаат и македонските купувачи, како одлична можност за полесна трансформација од класичен бензински на електричен погон (во некоја блиска иднина).

И ние пред неколку месеци се дружевме со Fiat 500 Rockstar, па поканата да се запознаеме со Fiat 500 Hybrid дојде како одлична можност за уште едно позитивно и релаксирано дружење со „чинквино“, при тоа со измешани карти во однос на погонската единица и нејзината филозофија.

DSC_9231
DSC_9453
DSC_9817
DSC_9607
DSC_9941
DSC_0265
DSC_9686
DSC_9501

Exit full screenEnter Full screen

Fiat 500 Hybrid користи 1.0-литарски бензински мотор со три цилиндри, кој испорачува 70 коњски сили и вртежен момент од 92 Nm, но во својот крвоток има и дополнителни хранливи материи обезбедени од вграден стартер/генератор и мала батерија.

Тоа го претвора 500 во благ хибрид, или електрифициран автомобил, кој автоматски ја полни батеријата, истовремено воопшто не го оптеретува возачот со своето функционирање, а благодарноста од соработката ја истакнува преку поголемата економичност.

Оваа изведба со технолошки напреден трицилиндерец и 12 V систем нема никакво негативно влијание врз управливоста, нешто што сигурно би било разочарувачка вест, а со помош на шест-степената трансмисија  може да се персонализира и дозирањето на вртежи, односно да се одржува дисциплина во обидот да се добие максимум од потенцијалот за штедливост.

Позитивниот ефект на Fiat 500 Hybrid се чувствува при стартување на автомобилот, во добивањето екстра вртежен момент, но и одржувањето на подготвеноста да се истакне потенцијалот при ниски вртежи, како на пример во сериозно толерантниoт трет степен на пренос.

Во одредени земји на помалите трошоци влијае и пониската CO2 емисија, а возачот на располагање има погонска единица која е подготвена да ја спушта просечната потрошувачка кон специфираните 3,9 литри од страна на производителот.

Ние не успеавме да стигнеме до толку економично ниво, но преземаме најголем дел од вината бидејќи позицијата зад воланот на Fiat 500 најчесто ја става потрошувачката во втор, па и трет план.

Кога ќе го напуштите градот, прецизното управување и носењето на Fiat 500 Hybrid во свијоци отвора едно посебно поглавје за сатисфакцијата која знае да ја продуцира и репродуцира овој култен италијански автомобил.

Изведбата која ја имавме на тест беше во Launch Edition издание, што значи највисоко ниво на опременост, но Fiat 500 Hybrid е достапен со солидна опременост веќе од 12.800 евра.

За оваа цена се добива клима-уред, темпомат, 7-инчен екран кој поддржува интеграција на Apple CarPlay и Android Auto, 15-инчни тркала од лесна легура, магленки и други очекувани елементи.

OLI_0431
OLI_0409
OLI_0410
OLI_0439
OLI_0446
OLI_0452
DSC_0118
DSC_0067

Exit full screenEnter Full screen

Секоја дополнителна инвестиција може да се искористи за надградба, односно персонализација која и вообичаено е приоритет на купувачите на овој модел.

Вообичаено, електрифицираниот погон значи и повисока цена за автомобилот, но Fiat 500 Hybrid експресно ги освои европските купувачи, бидејќи за да се користат неговите бенефиции во однос на економичноста и возните својства, цената расте минимално и тоа е еден вид инвестиција која сигурно ќе биде вратена.

Не треба да се заборави дека сето ова ја подразбира и вообичаената и секогаш популарна форма на Fiat 500, која умешно комбинира трендовски и ретро квалитети на својот дизајн и во ентериерот.

Задоволството да се вози Fiat 500 останува главна причина да се купи Fiat 500 Hybrid, а се што ќе се добие како позитивен ефект од mild hybrid е погонот е само плус за сопственикот.

DSC_9662
DSC_9310
DSC_9926
DSC_9838
DSC_0372
DSC_9907
DSC_0265

Exit full screenEnter Full screen

Понудата на македонскиот импортер „Аутомобиле СК“ овозможува избор и на класична бензинска изведба, а ако ви се брза за дружба со Fiat 500, погледнете ги конфигурациите кои се достапни веднаш на следниот линк.

Во актуелната ситуација кога лекарите препорачуваат витамински суплементи, но во умерена доза, Fiat 500 Hybrid e автомобил, кој преку својот хибриден погодн автоматски добива хранливи материи во својот крвоток.

Повеќе содржини за Fiat:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“