Slide 1

Тестови

Тест: Jeep Compass 4xe – Електрификација за дополнителна возачка сатисфакција

Slide 1

09/12/2020

Актуелната генерација на Compass го приближи Jeep до поголем број и освежена база купувачи, овозможувајќи им на голем број возачи да влезат во респектираното семејство и да ги почувствуваат класичните привилегии на моделите на американскиот бренд, по достапна цена.

Почетокот на производството на италијанска територија, во фабриката во Мелфи, дополнително ја поедностави дистрибуцијата на популарниот SUV во Европа, а со тоа го забрза и процесот на запознавање со првата плаг-ин хибрид изведба, која ја доби наставката 4xe.

Compass 4xe стана и прва PHEV изведба на Jeep понудена за македонските купувачи, па затоа и со задоволство го прифативме предизвикот за дружење со автомобилот, кој овозможува влез на, за многумина непозната територија.

Jeep ја следи групациската стратегија која подразбира идентичен дизајн за сите изведби на еден модел, што значи нема посебни промени во однос на изгледот, а ознаката 4xe суптилно ја дистанцира плаг-ин хибрид од изведбите со бензински или дизел мотор.

OLI_1415
OLI_0850
OLI_1330
OLI_0877
OLI_0962
OLI_1160
OLI_0869
OLI_1368
OLI_1010
OLI_1522
OLI_1143
OLI_1371
OLI_0784

Exit full screenEnter Full screen

Треба да се потенцира дека Compass 4xe е понуден со погонска моќ од 190 или 240 коњски сили, но ние ја имавме на располагање помалку моќната варијанта, која логично е и подостапна, иако потенцијалот со кој располага е повеќе од доволен за фановите на брендот.

Седнувањето зад волан ве најавува во автентичен „џиповски“ универзум, каде комфорот оди во комбинација со цврстина и робустност, а кај 4xe, способноста да се реализира и оф-роуд авантура оди заедно со тивкото урбано движење, кога возачот ја користи енергијата складирана во батеријата.

Таа е со капацитет од 11,4 kWh и е сместена под задните седишта, што значи дека не го намалува комодитетот во кабината, а со својата местоположба неутрализира и дел од негитивните последици од поголемата тежина во однос на возните карактеристики.

Во кокпитот се чувствувате удобно, сигурно и добивате посакувана прегледност, а покрај дигиталната инструмент табла, Jeep Compass 4xe подразбира и 8,4-инчен екран со навистина многу опции, дел поврзани и со функциите на автомобилот и посебно хибридниот погон.

Конзервативните возачи ќе бидат задоволни и со изгледот на централната конзола, каде има многу физички команди, па голем број функции се достапни едноставно откако ќе ја научите нивната позиција. Тука е и изборот на режим на возење, како и опциите за погон на четири тркала, како и командите за трите начини на користење на „двете срца“ на Compass 4xe.

Првично треба да се биде внимателен поради ниската позиција на дел од командите, но кога ќе се адаптирате на распоредот, се намалува и ризикот од губење на фокусираноста кон патот пред себе.

Производителот најави до 50 километри на електричен погон, нешто за можеме да кажеме дека е остварливо во најголем процент, односно сигурно може со целосно наполнета батерија да се поминат повеќе од 40 километри, при што за конечната бројка влијание има и начинот на возење и условите на патот.

При користење на комбиниран, хибриден погон, на одредени урбани делници потрошувачката на гориво може да се спушти блиску до најавениот просек од 2,1 литар на 100 километри, а дури и кога се користи поголем дел од потенцијалот на 1.3-литарскиот бензински мотор и не се внимава на економичноста, Jeep Compass 4xe ќе троши помалку од конкуренцијата со сличен габарит и класичен погон.

На почетокот, додека не се запознаете добро со автомобилот и карактерот на хибридниот погон, може почесто да го будите бензинскиот мотор и кога нема посебна потреба, но подоцна воиграноста и дисциплината носат и помазен фидбек од шест-степената автоматска трансмисија и од моторот.

Најважен фактор е постојаното надополнување на капацитетот на батеријата, откако помалиот електро мотор поставен на предната оска се активира како генератор и регенерира енергија, па таа подоцна се користи како асистенција на моторот со внатрешно согорување и намалување на просечната потрошувачка.

За да се добие максимален ефект, возачот треба да ја надополнува батеријата барем докрај, секогаш кога е во можност, при што за тој процес на обичен домашен приклучок ќе му бидат потребни околу пет часа. Доколку се користи „ѕиден полнач“ со поголем капацитет, полнењето може да се спушти на период помал од два часа.

OLI_1524
OLI_0784
OLI_0822
OLI_0831
OLI_1351
OLI_0740
OLI_1466
OLI_1517
OLI_1316
OLI_0772
OLI_1118
OLI_1092
OLI_1497

Exit full screenEnter Full screen

Во однос на возачкото искуство, Jeep се погрижил Compass 4xe да биде лесно управлив низ град, да обезбедува посакуван фидбек од подлогата надвор од асфалтот, а притоа во секоја ситуација се чувствува инвестираното во комфорот и изолацијата во кабината.

„Четворката“ во името потсетува дека на располагање е погонот на четири тркала, па кога има потреба за него, се активира електро моторот на задната оска, кој поседува и интегриран систем кој ја игра улогата на диференцијал.

Нашиот тест се поклопи со првите снежни врнежи на планинските предели, па можевме да се увериме дека Compass 4xe е спокоен и гарантира сигурност кога треба да се соочи и со подлабока бела покривка и на терен каде тој сам ја исцртуваше рутата за некои наредни авантуристи.

Не смее да се заборави дека овој SUV модел фактички е и теренец, бидејќи располага и со соодветна оф-роуд геометрија и погон на сите тркала, па затоа и е поблизок до поголемите членови на Jeep фамилијата.

На сето ова треба да се додаде навистина богатата опременост на плаг-ин хибридот на Jeep, вклучувајќи ги опциите за поврзување на паметни уреди, навигација и многу други важни елементи за возачот, но и сите патници во кабината. Истовремено на располагање им е функционален капацитет на багажниот простор од 420 литри.

OLI_1543
OLI_1539
OLI_1553
OLI_1558
OLI_1566
OLI_1577
OLI_1600
OLI_1613

Exit full screenEnter Full screen

Ако како држава го следевме европскиот тренд во однос на субвенциите кои се обезбедуваат за плаг-ин хибрид моделите, речиси и да немаше потреба да се објаснува зошто вреди да се инвестира во оваа изведба, наспроти изборот на погон со мотор со внатрешно согорување.

Во меѓувреме, моделите како Jeep Compass 4xe, кој во ова богато опремено издание чини 41.300 евра, ќе бидат преокупација на оние кои сакаат да бидат еден чекор понапред и да го користат потенцијалот за економичност и поголемата заштита на животната средина, како своја инспирација за менување на возачкиот менталитет и пример за новите генерации возачи.

Со оглед на тоа што полнењето не трае долго, секојдневно може да се заштеди сериозно, посебно кога се возат градски рути, а во секој момент на располагање останува моќната погонска единица на Jeep, која ќе ги совлада и поекстремните препреки со поскромна од вообичаеното компензација во вид на бензин.

Jeep Compass е популарен модел во нашата земја поради целосниот пакет кој се добива за одличната цена од 20.900 евра за основниот бензински модел, што подразбира 130 кс, мануелен менувач и погон на предните тркала.

Се работи за одличен автомобил кој има сосема доволни квалитети за семејно возило, но Compass 4xe е поинаква приказна, со дополнителни квалитети кои ве носат на едно поинакво ниво.

Или, како што би рекле Италијанците, Јувентус е доволно силен и без Кристијано Роналдо, но со него во составот, дресот на кој пишува Jeep 4xe делува многу помоќнo и предизвикува стравопочит кај ривалите.

Повеќе содржини за Jeep:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental