Slide

Тестови

TEСТ: Kia XCeed 1.5 Т-GDi – идеално позициониран помеѓу Stonic и Sportage

Slide

Управувањето на XCeed е лесно и забавно. 1.5-литарскиот турбо бензински мотор го забрзува кросоверот од 0-100km/h за помалку од 10 секунди.

30/12/2021

Kia уште во 2019 го комплетираше Ceed семејството со кросоверот XCeed, кој со кој производителот го пополни таканаречениот CUV (compact utility vehicle) сегмент, позиционирајќи го новиот кросовер помеѓу моделите Stonic и Sportage. Ние на тест го имавме 1.5-литарскиот турбо бензинец со 160 hp и највисокото ниво на опрема кое се нуди кај нас. Ова се нашите впечатоци.

Моделот Sportage години наназад беше (и сѐ уште е) убедливо најуспешен и најпродаван модел на Kia кај нас, а и во Европа. Kia преку кросоверот XCeed се обидува да лансира модел кој ќе го надополни тој успех. При лансирањето најавија дека очекуваат XCeed да заземе дури 50% од продажбите на Ceed гамата. Па, тестот беше добра можност да проверима какви му се шансите да ги постигне тие резултати.

XCeed има автентичен дизајн и на прв поглед се забележува поголемиот број на декоративни елементи. Тие добро се вклопуваат со златно-жолтата боја на каросеријата на тестниот модел. 

Она што не се забележува на прв поглед, се технолшките функционалности кои дебитираа токму кај овој модел: помеѓу нив е 10,25-инчниот инфотејнмент екран, кој има висока резолуција и е прилично респонсивен. 

За првпат (во повисоките нивоа на опрема), кај XCeed дебитира дигитална инструмент табла, која е со дијагонала од 12,3 инчи и резолуција од 1920х720 пиксели. 

Како и останатите модели од Ceed гамата, XCeed има квалитетна завршна обработка во ентериерот. Во споредба со Ceed, во овој кросовер има повеќе место за високи патници на задната клупа и поголем товарен простор во багажникот. Заоблената форма придонесува за помала видливост при возање во рикверц, но тоа е надоместено преку камерата, која е со одлична резолуција. Камерите често се слаба точка и кај многу поскапи модели во повисоките сегменти, но тоа не е случај кај XCeed.

XCeed има исто меѓуоскионо растојание споредено со “стандардниот” Ceed, малку е подолг, но не премногу. Сепак, Kia не смее премногу да ги доближи димензиите до оние на големиот Sportage. 

При влезот во кабината се заблележува повисоката поставеност на седиштата. Резултат на тоа е полесното влегување и излегување во кабината, како и поголемата прегледност на патот. Предните кровни носачи безмалку воопшто не ја намалуваат прегледноста. 

Управувањето на XCeed е лесно и забавно. 1.5-литарскиот турбо бензински мотор го забрзува кросоверот од 0-100km/h за помалку од 10 секунди. Во нашата конфигурација, моторот е надополнет со 7-степен прецизен автоматски менувач. 

Типично за моделите на Kia, и овој кросовер има сличен сетап. Управувањето е прецизно, а на дел од лошите патишта, се чувствува затегнатата суспензија, која беше специјално конфигурирана за овој 1,4 тони тежок кросовер од страна на инженерите на Кia. Но, затоа XCeed воодушевува со стабилноста при остри свиоци. 

Освен возните својства, при управувањето впечатокот го надополнуваат системите за асистенција при возењето. А во “EX Edition 2” нивото на опрема меѓудругото се вклучени и системите за одржување во лента, предупредување за фронтален судир со препознавање на пешаци и велосипедисти, како и системот за автоматско паркирање.

Може да се заклучи дека овој кросовер го има токму она што му треба. Атрактивен изглед, комфор во внатрешноста, одлични возни својства и модерен инфотејнмент систем. 

Оние кои ќе го изберат овој кросовер, може да бидат спокојни и поради 7-годишната гаранција со која Kia е на врвот на пирамидата. Особено, поради фактот што се работи за основна (кај нас се нарекува “фабричка”) гаранција, што значи дека нејзиниот опфат е идентичен во текот на сите седум години. 

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа