Slide

Тестови

ТЕСТ: Opel Astra ULTIMATE 1.5 diesel 130 hp – дизел со сила од 300 Nm и спортски перформанси 

Slide

Нашиот тест модел има 8 степена автоматска трансмисија, истиот мотор може да се комбинира и со 6-степена мануелна трансмисија, но во моментов не е достапна кај нас.

07/09/2022

Opel започна со испораките на новата Astra на почетокот од годинава. Тој период кореспондираше со медиумската презентација, кога заедно со колегите од Авто Плус имавме можност први да ја испробаме Astra L во плаг-ин хибридна, бензинска и дизел изведба.

Токму дизел изведбата, која најмалку имавме време да ја испробаме во околината на Лисабон во февруари, сега ја добивме на тест. На тест имавме примерок со 1.5-литарски дизел мотор со 130 hp и осум-степена трансмисија – единствениот дизел кој во моментот е достапен кај нас. Одлична можност да провериме дали е вистинскиот избор за идните сопственици на најновата генерација на популарниот компакт.

Првото погледнување кон новата Astra веднаш предизвикува реакции. Различните реакции се во линија со претпоставките на главниот инженер на Astra, Мариела Воглер: “Не сакавме само да креираме автомобил кој премногу ќе ви се допаѓа. Дозволено е со изгледот да има поларизација во однос на импресиите на купувачите”.

Штом ќе седнете во кокпитот на удобрните AGR седишта, се чини дека импресиите се унифицирани. Тешко е да се најде критика на големиот “pure panel”, кој е надополнет со неколку физички копчиња за најважните функции. Екранот осетлив на допир кој во нашето “Ultimate” ниво на опрема е поставен зад затемнето стакло, реагира инстантно на инпутот од наша страна.

Додека седите на возачкото седиште, добивате впечаток за просторност во кабината. За ова делумно придонесува и елегантната ниско поставена централна конзола на која менувачот за брзини е поставен ниско и незабележливо. Предните седишта се поставени малку пониско во споредба со претходната генерација, што овозможува поспортско седење.

Но, Astra спаѓа во компактниот сегмент, сегмент во кој најчесто се вози целото семејство. Затоа мораме да се провериме каков е комфорот и на задната клупа. Патниците на задната клупа ќе уживаат во поголемиот простор за нозете како резултат на поголемото меѓуоскино растојание на новата EMP2-V3 платформа на која е поставена Astra L. Интересно, должината на Аstra е идентична, но меѓуоскиното растојание е зголемено за 13 милиметри.

И покрај умереното спуштање на покривот над задната клупа, поголемиот простор за нозете овозможува и повисоките патници да не мора да ја наведнуваат главата додека патуваат во автомобилот.

Но, пред да започнеме со возење, екстериерот на новата Astra заслужува малку подетална опсервација. На маската, како и кај другите модели на Opel, доминира специфичниот визор кој одлично е интегриран со новите LED светла кои имаат по 84 LED диоди. 

Потоа, внимание привлекува двобојната каросерија – тренд во автоиндустријата во последните неколку години.

Во задниот дел Astra воведува уште еден тренд кој сѐ повеќе производители го практикуваат на своите модели. Испишано е името на моделот со големи букви.

Новата платформа овозможи вградување на многу технолошки иновации кои се очекуваат во новите модели од 2022 моделска година. Кај Astra 5 камери и 5 радарски сензори заеднички генерираат 360 степени поглед околу возилото и го проектираат на централниот екран. Напред и одзади има и по еден ултразвучен сензор.

Но, време е да го пробаме 1.5-литарскиот дизел мотор со 130 hp, кој има 300 Nm максимален вртежен момент. Нашиот тест модел има 8 степена автоматска трансмисија, истиот мотор на некои пазари може да се комбинира и со 6-степена мануелна трансмисија, но во моментов не е достапна кај нас.

Најдобри услови за тестирање на силата, динамиката и управливоста се предели со свиоци и угорнини, бидејќи во такви услови најдобро се забележува добрата синхронизација помеѓу моторот и трансмисијата ја пренесува силата на моторот на погонската оска.

Во однос на ова Astra се покажува како спортист. Автоматската трансмисија безмалку беспрекорно ги менува степените на пренос при нагло забрзување. Овие возни својства се надополнети со ултра прецизното управување кое овозможува најдобро уживање при спортското возење. Токму во овој аспект, голем дел од моделите кои се потешки и повисоки, а немаат воздушна суспензија, често разочаруваат. Но, Astra го нуди токму спротивното. Имено спортското доживување при возењето е уште поизразено без адаптивната суспензија.

Иако ова е единствениот дизел мотор кој се нуди во моемнтов, се чини дека е вистински избор на инженерите од Риселсхајм.

Новата генерација на Astra повеќе не пристигнува од Елсмер Порт во Велика Британија, ниту пак од Гливице во Полска. Новата генерација беше развиена и се произведува во фабриката во Раселсхајм, каде што се наоѓа и седиштето на Opel. 

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели