Slide

Тестови

Тест Opel Corsa 1.2 GS-Line: Револуционерна CMP платформа за 200 килограми полесна Corsa

Slide

Благодарение на CMP платформата развиена од Peugeot, новата Corsa е за околу 200 килграми полесна од претходната генерација. Тоа е резултат на неколку промени: алуминиумските мотори се дури 15 килограми полесни во споредба со претходните, а дополнтелна заштеда во тежина се постигна преку оптимизација на каросеријата и на предниот погон.

03/09/2021

Кога во октомври 2014 Opel ја огранизираше премиерата на 5-тата генерација на Corsa, за локација на настанот го избра централното подрачје на Франкфурт. Тогаш го возевме малото градско возило опкружени со модерни висококатници и финансиски институции. Изборот на локацијата не беше случаен. Тоа беше дел од мозаикот во ПР страгегијата на Германците, кои сакаа да потенцираат дека Corsa е урбано и стилско градско возило.

Оттогаш поминаа 7 години, во кои многу работи се променија. Најпрво, во 2017 година PSA групацијата го презема Opel од General Motors, a од почетокот на годинава, по спојувањето со FCA, Opel e дел од уште поголемата групација Stellantis, составена од 14 автомобилски брендови кои се трудат да се наметнат кај извршниот директор Карлос Таварес.

1920-IMG_8592
1920-IMG_8602
1920-IMG_8609
1920-IMG_8623
1920-IMG_8687
1920-IMG_8693
1920-IMG_8721
1920-IMG_8739
1920-IMG_8742
1920-IMG_8753

1920-IMG_8592
1920-IMG_8602
1920-IMG_8609
1920-IMG_8623
1920-IMG_8687
1920-IMG_8693
1920-IMG_8721
1920-IMG_8739
1920-IMG_8742
1920-IMG_8753
previous arrow
next arrow

Кога пред четири години тогашната PSA групација го презеде Opel од GM, инженерите во Риселсхајм веќе беа во напредна фаза на развојот на следната генерација на Corsa. Но, иако остануваа само 2 години до планираното лансирање на новата генерација, групацијата донесе одлука развојниот процес да се врати назад, за бестселерот во Б сегментот на Opel, сепак, да биде поставен на CMP платформата на Peugeot, која веќе ја користеа Citroën C3 и Peugeot 208. Изборот на CMP платформата беше очекуван, со оглед на тоа што токму таа платформа и овозомжи на PSA групацијата најголема профитна маргина помеѓу автомобилските производители во Европа.

Автентичен Corsа амбиент

Но, штом ќе седнете зад воланот на Corsa F, сличностите со 208-цата се незабележливи. Напротив, ентериерот го има препознатливиот Corsa амбиент. Комфорниот ентериер, цената и возните својства долги години беа добитна комбинација со која конкурентите на Corsa тешко можеа да се справат. Доказ за тоа се повеќе од 14 милиони примероци на Corsa продадени од стартот на производството во фабриката во Сарагоса во 1982, па сè до денес. Веќе во првата генерација Corsa воведе функционалности и перформанси кои не беа вообичаени за возило од Б сегментот во тој период: 115КС, 14-инчни тркала и опција за кожен ентериер. 

1920-IMG_8760
1920-IMG_8777
1920-IMG_8782
1920-IMG_8783
1920-IMG_8786
1920-IMG_8805
1920-IMG_8771

1920-IMG_8760
1920-IMG_8777
1920-IMG_8782
1920-IMG_8783
1920-IMG_8786
1920-IMG_8805
1920-IMG_8771
previous arrow
next arrow

Но, тоа што тогаш беше исклучок, сега е само една од многуте опции. Сепак, по безмалку 40 години многу работи се променети. Веќе не може да се избере мотор со 4 цилиндри, а исто е и со 14-инчните тркала. Конфигурациите започнуваат со 15-инчни во основните модели.

Opel ја нуди новата Corsa со дизел и бензински мотори, а во понудата е вклчена и електрична изведба. Ние на тест имавме 1.2 турбо бензински мотор со еден од добро опремените пакети на опрема именуван како GS Line.

Технологија од повисоките сегменти

Оние кои ќе изберат GS Line или Elegance, со доплата од 600 евра добиваат LED Matrix светла (Intellilux LED Matrix светла со 8 LED диоди). Во сите, освен во основниот пакет, вклучена е автоматската контрола на долгите светла. Како дополнување, тука се 7-инчнната дигитална инстумент табла и 10-инчниот инфотејнмент дисплеј.

Системите за асистенција при возењето мора да бидат присутни во 2021 година. Моделот кој го имавме на тест, беше опремен со NCAP пакетот, кој овозможува Corsa да ги препознава сообраќајните знаци, пешаците и велосипедистите, а е дополнет со сензор за предупредување од можен удар при мали брзини. 

Адаптивниот темпомат (опција кај GS Line и Elegance) е контролиран од радар вграден во маската на Corsa, додека ултрасоничните паркинг сензори во комбинација со камерата која го проектира возилото на дигиталниот екран, овозможуваат беспрекорно маневрирање и во тесен простор.

Ефектот на CMP платформата: Corsa тежи само 980 килограми

Со оглед на вкупната должина од 4.06 метри, просторот во Corsa е разумно комотен. Поставеноста на седиштата овозможува простор за нозете и главата на патниците на задната клупа, а истовремено обезбедува 309 литри товарен волумент во багажникот.

Благодарение на CMP платформата развиена од Peugeot, новата Corsa е за околу 200 килграми полесна од претходната генерација. Тоа е резултат на неколку промени: алуминиумските мотори се дури 15 килограми полесни во споредба со претходните, а дополнтелна заштеда во тежина се постигна преку оптимизација на каросеријата и на предниот погон. Алуминиумската каросерија придонесува за дополнително намалување од 2.4 килограми). Дури и новите седишта придонесуваат за намалување на тежината за дополнителни десет килограми. Седиштата сега се поставени за 30 милиметри пониско споредено со претходната генерација. 

Овие промени во конструкцијата се чувствуваат и при возењето. Понискиот центар на гравитација овозожува подобра управливост која е надополнета со добра балансираност на предната суспензија (McPherson). 

Кон крајот на 2019 година имавме можност да ги испробаме овие возни својства за време на презентацијата на новата Corsa на хрватското крајбрежје, во пределот помеѓу Сплит и Шибеник. Тогаш се уверивме дека за само 2 години инженерите од Opel во соработка со нивните колеги од тогашната PSA групација успеале да развијат одлична 6-та генерација на бестселерот. Сега, две години подоцна, нашите впечатоци се потврдуваат возејќи ja низ острите свиоци на планината Бистра.

Повеќе содржини за Opel:

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели