Slide

Тестови

ТЕСТ: Opel Grandland GS-LINE 1.2, со термална камера која гледа пешаци и животни до 100 метри пред возилото

Slide

Сега Grandland има нов изглед во предниот дел, брендиран од производителот како "Vizor". Сега помалата решетка на ладилникот се протега сѐ до новите матрикс LED светла.

17/05/2022

Со мало задоцнување, поради логистичките предизвици на Stellantis во однос на недостигот на полупроводници кој ја зафати целата автоиндустрија, новиот Opel Grandland пристигна во првиот квартал на 2022, наместо кон крајот на претходната, 2021 година.

Opel, со фејслифтот вбризга “свеж воздух” во Grandland, аплицирајќи дел од новините кои веќе беа имплементирани во помалите Crossland и Mokka модели. 

Идентично како и кај помалите кросовери на брендот, и Grandland ја напушта буквата “X” на крајот на името.

Но, тоа не е единствената промена. Сега Grandland има нов изглед во предниот дел, брендиран од производителот како “Vizor”. Сега помалата решетка на ладилникот се протега сѐ до новите матрикс LED светла. Целината е поставена во хромирана рамка, додека отворите за вентилација на маската се вертикално поставени. 

Сега крилата и браниците се во боја на каросеријата, што му дава на овој SUV пософистициран изглед.

Споменатите матрикс LED светла дебитираат кај Grandland. 84-те диоди во секое од двете предни светла овозможуваат светлосен сноп соодветен на временските услови без заслепување на останатите учесници во сообраќајот.

Интегрираните дневни светла го надополнуваат карактеристичниот дизајнерски правец на Opel. 

Во однос на технологијата, доминантно место има новиот “night vision” систем, кој е базиран на термална камера, која овозможува преглед на патот до 100 метри далечина пред возилото.

Ние на тест го имавме новиот Grandland пакет на опременост GS-LINE со автоматска 8-степена трансмисија, што е предуслов за додавање на систем за предупредување од фронтален судир, како и stop and go функција.

Овој систем интегрира повеќе функционалности од неколку системи за асистенција при возењето, вклучувајќи автоматско итно сопирање при потреба, препознавање на пешаци, сообраќајни знаци и замор кај возачот.

Штом влезете во новиот Grandland веднаш се забележуваат драстични промени во кокпитот. “Во живо” новата “pure panel” одлично се вклопува во ентериерот. 

Во десниот дел од панелот е поставен инфотејнмент екранот осетлив на допир, а под него се задржани физички копчиња за неколку команди за клима уредот.

Сега, софтверот на Grandland се поврзува со Apple CarPlay и Android Auto, a достапно е и индуктивно полнење на мобилен телефон.

Но, клучен фактор за севкупниот впечаток на потенцијалните купувачи ќе биде возната динамика и моќта на 1.2-литарскиот трицилиндерски мотор кој го придвижува примерокот кој го имавме на тест, а очекуваме да биде најпродаван погонски агрегат кај нас. 

Освен со автоматски 8-степен менувач, овој мотор ќе може да се нарача и со 6-степена мануелна трансмисија.

Наш совет е, доколку имате можност, да ја изберете автоматската трансмисија. Имавме можност да поминеме поголем дел од рутата низ планински свиоци, одличен терен за тестирање на силата на овој мотор кој има вртежен момент од 230 Nm. 

Претходниот модел се продаде во над 300,000 примероци низ целиот свет, но главен пазар, сепак е европскиот. Со фејслифтот, Opel не треба да се грижи за прифатеноста, со оглед на тоа што се задржани позитивните аспекти на моделот, а надоградени се нови напредни технологии како што е термалната камера, и матрикс LED светлата, а секако, моделот е разубавен со вклучување на новиот Vizor.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа