Slide

Тестови

Тест: Opel Mokka 1.2 – ултра модерен дизајн како резултат на новата CMP платформа од PSA

Slide

Изведбите со мотори со внатрешно согорување вклучуваат 1.5-литарски дизел со четири цилиндри и 110 hp, како и 1.2-литарски турбо бензински мотор со три цилиндри и 100/130 hp. Помоќниот од двата бензински мотори , кој го имавме на тест, доаѓа со 8-степена автоматска трансмисија.

06/10/2021

Новата генерација на Mokka е многу различна од претходната. Платформата е на PSA, наместо онаа на GM, а дизајнот е модерен наместо конвенционален. Во нашиот тест ја откриваме и моќта на врвните бензински мотори кои ја комплетираат целината.

Автомобилскиот производител Opel има многу специфични периоди и пресврти во својата 159-годишна историја. Последниот во низата се случи пред четири години, кога групацијата PSA го презема од General Motors. На почетокот на годинава, по спојувањето на PSA со FCA, Opel стана дел од големата Stellantis групација.

Овие сопственички промени позитивно влијаеа на развојот на Mokka, која, по Corsa, е вториот модел на Opel поставен на популарната и многу исплатлива CMP (Common Modular Platform) платформа, развиена од PSA. Новата генерација на Mokka, од технички аспект навистина има многу малку заедничко со претходната. 

1920-IMG_9368
1920-IMG_9371
1920-IMG_9382
1920-IMG_9386
1920-IMG_9411
1920-IMG_9430
1920-IMG_9438
1920-IMG_9470
1920-IMG_9479

1920-IMG_9368
1920-IMG_9371
1920-IMG_9382
1920-IMG_9386
1920-IMG_9411
1920-IMG_9430
1920-IMG_9438
1920-IMG_9470
1920-IMG_9479
previous arrow
next arrow

Ги потенцираме разликите во позитивен контекст, иако и претходниот модел имаше одлични перформанси, а го погоди и тајмингот, со оглед на фактот дека беше еден од првите компактни кросовери кога SUV бумот ја зафати автоиндустријата.

Новата Mokka е 12.5 cm покуса и 120 килограми полесна од претходната. Вкупната должина изнесува 4.15 метри, а надворешниот изглед е комплетно сменет. Според PSA, ова е резултат на платформата, која овозможува поголема слобода во дизајнирањето на автомобилот.

Дизајнерите на Opel очигледно решиле максимално да ја искористат оваа слобода, па преку предната решетка која симулира визор, успеале да имплементираат модерна верзија од дизајнот од култната Manta А.

Како дополнување на системите за асистенција во возењето, Mokka ја има најновата генерација на LED Matrix осветлување со вкупно 14 LED диоди распоредени во двете предни светла. 

Во кабината се добива впечаток за добра изработка и квалитетни материјали. Дел од ентериерот, а особено физичките копчиња под инфотејнмент екранот, во голема мера кореспондира со праксата кај сестринските модели на Peugeot, Citroën и DS.

Поставеноста на седиштата е прилично висока споредено со конкурентите од сегментот (57 сантиметри над асфалтот), но седењето делува соодветно поставено во однос на инструмент таблата.

На задната клупа најмногу внимание е посветено на практичноста. Двајца возрасни патници можат комотно да патуваат и на подолги растојанија. Просторот за седење на задната клупа изнесува 68 сантиметри, што е за само еден сантиметар покусо од просторот во новиот VW Golf.

Багажниот волумен изнесува 350 литри, односно 1.105 литри по спуштање на седиштата. Под подот на багажникот има уште една голема преграда, која е резултат на поголемиот достапен простор кој кај претходната генерација беше исполнет со техничките компоненти на задниот погон.

Наместо погон на сите тркала, новата Mokka се нуди и како комплетно електрична изведба со 50kWh lithium-ion батерија и електричен мотор со сила од 100 kW. 

Освен електричната, изведбите со мотори со внатрешно согорување вклучуваат 1.5-литарски дизел со четири цилиндри и 110 hp, како и 1.2-литарски турбо бензински мотор со три цилиндри и 100/130 hp. Помоќниот од двата бензински мотори , кој го имавме на тест, доаѓа со 8-степена автоматска трансмисија.

1920-IMG_9506
1920-IMG_9480
1920-IMG_9483
1920-IMG_9488
1920-IMG_9500
1920-IMG_9511
1920-IMG_9492
1920-IMG_9518

1920-IMG_9506
1920-IMG_9480
1920-IMG_9483
1920-IMG_9488
1920-IMG_9500
1920-IMG_9511
1920-IMG_9492
1920-IMG_9518
previous arrow
next arrow

Возните својства на бензинецот се разликуваат во зависност од режимот на возење. При режимите “normal” и “eco”, системот на трансмисија е конфигуриран на начин кој овозможува комфорно и штедливо возење, што влијае на перформансите, но во режимот “sport”, трансмисијата е софтверски програмирана да ги одржува високите вртежи. Спортскиот режим ги открива вистинските возни својства на овој кросовер, кој забрзува од 0-100 km/h за 9.8 секунди. 

Што се однесува до суспензијата, новата Mokka е стабилна во свиоци, а управувањето е прецизно. Според нашите впечатоци, Mokka е најагилен од сите модели поставени на CMP платформата. 

Но, во сегментот на Mokka многу важни се системите за безбедност при возењето. Многу ретко има потреба да се вклучи ESP системот, освен при агресивно забрзување од остри свиоци, кога електрониката ги контролира предните тркала за да го задржи возилото на патот.

Mokka е седмиот модел поставен на EMP платформата, која е флексибилна и може да се примени при различни каросериски изведби и типови на погони. PSA групацијата, всушност, користи само две платформи за сите модели: EMP2 и CMP. Платформата во која е вграден погонот и двете оски, може да се конфигурира за различни модели, со три опции за меѓуоскиното растојание. 

CMP платформата може да се користи за дизел, бензински, хибридни и комплетно електрични изведби. Уште подобро е што сите различни изведби може да се произведуваат на истата производна лента во иста фабрика. 

Како резултат на ова, сите сестрински модели на Мokka, како што се Citroën C4, Opel Corsa, Peugeot, 208/2008 и DS 3 Sportback, се достапни и како комплетно електрични изведби. 

Спојувањето на Opel со останатите 14 брендови во заедничката Stellantis групација овозмжи голем технолошки напредок, но во исто време, го стави во позиција да има остра конкуренција од модели во рамките сопствената групација. 

Таков е и случајот и со Mokka, која има сериозен конкурент во Peugeot 2008, на пример. Но, конкуренцијата е добра и во крајна линија им носи повеќе квалитет на купувачите. А, по неколкудневното возење на овој кросовер, можеме да заклучиме дека втората генерација на Opel Mokka е одлична илустрација за тоа како конкуренцијата го зголемува квалитетот.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели