Slide 1
Slide 1

Тестови

Тест: Seat Leon 1.5 TSI FR – Фатална привлечност

Slide 1
Slide 1

30/12/2020

Со респектабилно присуство подолго од дваесет години и три генерации зад себе, Seat Leon пристигнува на авто сцената за да потврди зошто е бестселер на шпанскиот бренд и зошто не дозволува да биде надминат ниту од роднините во ултра популарниот SUV сегмент.

Фактот што новиот Leon зад себе има успешна традиција како модел, истовремено значи и многу поголем предизвик во обидот да се исполнат очекувањата на пошироката јавност и познавачите на индустријата.

Се работи за еден од европските автомобили кои експресно обезбедија голема база фанови, посебно оние кои се приврзани на FR варијацијата, па затоа и тестирањето на новиот Leon FR со 1.5-литарски бензински мотор беше најсоодветен начин да се соочиме со модерната метаморфоза на шпанскиот лав.

OLI_3773
OLI_3216
OLI_3223
OLI_3267
OLI_3302
OLI_3662
OLI_3104

Exit full screenEnter Full screen

Оваа генерација пристигна во веројатно најкомплексен момент, во периодот кога коронавирусот искомплицира многу планови во авто-индустријата и кога електрификацијата добива се поважна улога, а предизвик за производителот ќе биде и безболно да го добие дуелот со поконзервативните купувачи со оглед на сериозно намалената количина на класични команди во кокпитот.

Сепак, да започнеме со дизајнот, а таму Seat отсекогаш играл храбро и без многу тактизирање. Новиот Leon повторно доби изглед со кој лесно ќе се разликува од претходникот, но без да ја загуби динамичноста и формита кои му даваат динамична силуета и остар изглед на предниот дел.

Шпанскиот компакт порасна за 8 сантиметри, но со незначително менување на другите бројки останува на позната територија, која завршува со задниот дел каде Seat маестрално ја имплементираше новата типографија, но и графиката на светлата.

Името на моделот е испишан со сензуален фонт, додека возачите кои ќе се најдат зад новиот Leon, ќе го имаат задоволството да се запознаат со хоризонталната LED линија која ги спојува двете светла, а добива и дополнително засилување со стоп сигнализацијата.

FR ознаката останува важен статусен симбол за почитувачите на делото на Leon, па во таа насока оди и осветлениот натпис на праговите на вратите, како и светлосниот потпис со „Hola“ на подлогата, кој се појавува при секое нивно отворање.

Првиот впечаток е повеќе од важен, а кај Leon тој го загрева возачот за втората фаза, запознавањето со ентериерот и специфичниот амбиент кој отсекогаш бил заштитен знак за овој автомобил.

Дигитализацијата наметната од групациската стратегија можеби за нијанса го омекнува FR потписот на дизајнерите, но сепак остануваат повеќе карактеристични елементи, вклучувајќи ги и спортските седишта, кои со своите карактеристики имаат важна улога при испробувањето на возните својства на автомобилот.

Возачот добива 10-инчен екран осетлив на допир свртен кон него, дигитална инструмент табла, а во нашиот случај и нов изглед на командата за DSG трансмисијата, при што останува и доволно простор за оставање предмети и функционален начин за оставање шише на централната конзола.

Адаптацијата на новиот стил на користењето на функциите бара одредено време, а во случајов тоа подразбира елиминација на класичните команди за клима-уредот и аудио системот и опциите за светлата кои се поставени на „тач“ платформа на вообичаената лева страна покрај воланот.

OLI_3136
OLI_3132
OLI_3124
OLI_3115
OLI_3112
OLI_3101
OLI_3107
OLI_3140

Exit full screenEnter Full screen

Seat овозможува поврзување со најпотребните сервиси и апликации, навигација со мапи од цела Европа, а на возачот и совозачот, односно на патниците на задната клупа им се достапни USB-C приклучоци.

Во рамките на можностите е додаден некој сантиметар повеќе во однос на просторот на задната клупа, додека багажникот останува на 380 литри, но со функционална форма и длабочина.

Возните карактеристики на Seat Leon отсекогаш биле приоритет на овој модел, а се чини дека инженерите на шпанскиот производител обезбедиле попрецизно управување, со кое автомобилот испорачува полесно и позабавно освојување на свијоците, без да влијае негативно на комфорот.

Специфичната FR суспензија е подготвена за динамични предизвици, но повторно без непотребен дисбаланс во однос на комфорот, дури и со 18-инчни тркала, какви што добивме ние на тестираната изведба.

Примерокот на Leon кој го тестиравме, под поклопецот го имаше модерниот 1.5-литарски TSI мотор со четири цилиндри, кој ја користи технологијата за деактивирање на два цилиндра, процес во кој не учествува возачот и кој софтверот го активира секогаш кога смета дека нема потреба од целосен ангажман на турбо-бензинецот.

Моќноста од 150 коњски сили целосно одговара на тежината на автомобилот, а во погонската единица одлично се вклопува и DSG трансмисијата со двојна спојка, чии седум степени на пренос се задолжени да обезбедат перформанси, но и соодветна економичност.

Од една страна имате посакувана реакција (250 Nm) при конверзацијата со педалот за гас во зависност од режимот на возење и спринт од 0 до 100 км/ч за 8,4 секунди, а од друга измеривме комбинирана потрошувачка од 6,5 литри на 100 километри.

Дополнителна позитивна страна на оваа погонска единица е фактот што користи и 48V технологија со стартер/генератор и мала батерија, а mild hybrid потенцијалот се чувстува при секое тргнување и при ниски вртежи, што го подобрува впечатокот кај возачот за автомобилот, а влијае и на економичноста.

Ова наведува на заклучок за двојно задоволство и препуштање на безгрижно уживање во „леоновските“ авантури во различно опкружување.

Јасно е дека новата генерација на Leon ја користи MQB платформата, која е основа и на ривалски модели од истата групација, но во секој момент чувствувате дека Seat ја искористил сета своја слобода за да го насочи многу важниот модел во правец кој носи поинакви вредности.

Она што можевме да го детектираме е дека инженерите на Seat инсистираат да го направат Leon подинамичен и еден од најзабавните автоомобили за возење во компакт класата, а тоа посебно е изразено во примероците со FR потпис, кај кои е посебно внимавано на карактерот на суспензијата и комфорот на задната клупа.

OLI_3596
OLI_3672
OLI_3651
OLI_3599
OLI_3342
OLI_3549
OLI_3530
OLI_3431
OLI_3138

Exit full screenEnter Full screen

Почетната цена на новиот Seat Leon (со бензински мотор со 90 кс) изнесува 19.536 евра, додека 1.5 TSI моторот и пакет на опременост со FR ознака подразбира цена од 23.234 евра.

Сепак, мора да се потенцира дека Leon доаѓа со многу опрема, посебно за најпопуларната FR варијација, при што без доплата се добиваат дигитална инструмент табла, 8,25-инчен централен екран, автоматски клима-уред, повеќе системи за безбедност, отклучување и активирање без клуч и многу други елементи.

Целата забава и лепезата на технологија која се добива е надополнета и со еволуцијата во однос на безбедноста, нешто што е потврдено со тестот на независната Euro NCAP, каде новиот Leon покрај петте ѕвезди, доби и највисока оцена во однос на заштитата на возрасни патници меѓу сите тестирани модели во 2020 година.

Шпанската гордост останува фатално привлечна и забавна за возење, еволуцијата го направи Seat Leon уште попретставителен, попрестижен и поблиску до премиум ривалите, а голем дел од нив можат да му позавидат за конфигурацијата која е специјалност на брендот и која е резервирана само за него во групациското портфолио.

Конкретниот Leon FR со 1.5-литарски бензински мотор и DSG трансмисија претставува врвна комбинација која знае дека на возачот во одредени моменти му е потребно „вамос“, но понекогаш и „калма“, а на крајот нема да разочара со генералниот впечаток.

Достапно е и комбинирањето со мануелен менувач, со бензинец со 110 кс, како и неколку дизел варијанти, но не помоќни од 150 кс, со што е оставен простор најтврдокорните Leon фанови во иднина да размислуваат и за логото во бакарна боја на новиот бренд Cupra.

Повеќе содржини за Seat:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови