Slide 1

Тестови

Тест: Toyota Yaris Hybrid – Амбициозен штедливец со две срца

Slide 1

18/12/2020

Секоја нова генерација на Toyota Yaris е одличен подарок за фановите на малите, а сепак многу способни автомобили, но истовремено и предизвик за оние кои ја почитуваат хибридната традиција на јапонскиот бренд.

Еволуцијата на хибридната технологија последните децении резултираше со четвртата генерација на хибриден погон, кој го добива и новиот Yaris Hybrid, а тоа е добра најава за економичноста на 3,94 метри долгиот автомобил.

Во овој сегмент каде има голема конкуренција, Yaris има уникатна позиција поради придобивките од самополнечкиот хибриден погон и достапната цена, која треба да се смета и како инвестиција во идната економичност и фактот што се купува билет за влез во електрифицираната мобилност на најпроверен начин.

DSC_0465
OLI_2414
OLI_1660
OLI_2559
OLI_1743
OLI_2402
OLI_1751

Exit full screenEnter Full screen

Дизајнерите на Toyota од европското студио во Ница, предводени од Хрватот Марио Мајданџиќ, испорачаа дефинитивно најатрактивен и најевропеизиран дизајн досега на симпатичниот Yaris, додека примерокот кој го имавме на тест дополнително привлекуваше внимание со двобојната (сино-бела) комбинација.

Во кокпитот веднаш го забележувате мулти-функционален волан со многу команди на него, покрај влијанието на електронската паркирна сопирачка, централната конзола е почиста и поради малиот број класични команди, додека задржувањето на класичниот начин за регулирање на клима-уредот секогаш има позитивен ефект за возачот.

Позицијата и страничното држење на телото во седиштето се очекуван квалитет кај Yaris Hybrid, a на ергономијата позитивно влијае и просторот за оставање телефон под централниот екран, како и повисоката позиција на приклучоците за безбедносните појаси.

OLI_1906
DSC_0410
DSC_0561
OLI_1909
OLI_1910
OLI_1926

Exit full screenEnter Full screen

Она што предизвикува најголема љубопитност меѓу возачите секако е хибридниот погон, кој е составен од 1.5-литарски бензински мотор со три цилиндри и електро мотор, а неговата вкупна моќност е 116 коњски сили.

За оваа класа и габарит на автомобил, тоа е повеќе од солидна бројка, што е добра најава во однос на возачкото искуство, иако перформансите не се приоритет на Yaris Hybrid.

Електро моторот кој истовремено е генератор, ја испраќа регенерираната енергија на складирање во батеријата, која овој пат е литиум-јонска, што овозможува покомпактно пакување, подобри перформанси на овој елемент и намалување на тежината за околу 20 килограми.

Концептот на самополнечки хибрид е базиран на постојаната соработка меѓу бензинецот и електро моторот, процес кој е контролиран од интелигентен софтвер, а возачот не само што нема обврска за полнење на батеријата, туку постојано може да следи дали е вклучен класичниот мотор и колку е полна батеријата.

Возењето низ град е вистинско уживање со Yaris Hybrid, посебно кога возачот ќе се адаптира на афинитетите на погонот во однос на контролата на педалот за гас, при што не само што поретко се користи бензинскиот мотор, туку секое негово користење, а пред се активирањето на сопирачките ја дополнуваат батеријата.

Имавме можност да го тестираме новиот Yaris Hybrid и на отворено, на автопат, па и при совладување на планински предел, што е добра можност да се согледаат голем дел од позитивните аспекти на возењето хибрид.

На автопат треба поголема дисциплина со ногата, бидејќи нијанси одлучуваат дали ќе ја одржувате брзината со поретко вклучување на бензинскиот мотор, а најважна препорака за возачот е да избегнува нагли промени на брзината.

Нагорнините се освојуваат без проблем, Yaris Hybrid располага со солиден вртежен момент од „двете срца“ и заедно со CVT трансмисијата овозможува исполнување и на најкомплицираните задачи, иако во оваа фаза и најмногу се слуша трицилиндерецот, кој инаку е добро изолиран.

OLI_2465
DSC_0430
OLI_2605
OLI_2405
OLI_1751
DSC_0422

Exit full screenEnter Full screen

Управливоста е во рамките на очекувањата и влева доверба кај возачот, а и во овој сегмент, малиот хибрид на Toyota има најдобри перформанси при возење низ град.

Според производителот, просечната потрошувачка на Yaris Hybrid се движи меѓу 3,8 и 4,9 литри на 100 километри, а ние едноставно немавме потреба од многу внимавање и адаптирање бидејќи постојано бевме на ова ниво.

Со други зборови, при секојдневно дружење со Yaris Hybrid и стекнување на вообичаената рутина за максимална експлоатација на хибридниот погон, просекот може да се одржува околу 4 литри без никакви проблеми.

Најдисциплинираните и оние кои ќе се движат најчесто во град, сигурно ќе бидат пријатели и со тројката на патниот компјутер, а тоа може да биде прифатено и како интересен предизвик за секој возач.

Во однос на квалитетите, треба да се напомене и радиусот на вртење од само 9,8 метри, како и багажникот со капацитет од 286 литри и функционална форма.

Покрај изгледот на екстериерот, возачот располага со најсовремени безбедносни системи од Toyota Safety Sense 2 пакетот, вклучувајќи го и автономното сопирање и адаптивниот темпомат, Yaris е еден од ретките модели со централно воздушно перниче кое ќе спречи колизија меѓу возачот и совозачот, а во овој пакет се вклучени и 8-инчен екран, камера за паркирање, автоматски клима-уред, греење на предните седишта, поврзување со Apple CarPlay и Android Auto…

За безбедноста на моделот доволно говори и одличниот резултат на Euro NCAP краш тестот, на кој Yaris доби пет ѕвезди и покрај заострените услови кои најмногу ги погодуваат малите автомобили.

Нормално е дека различните вкусови можат да продуцираат и одредени замерки за секој автомобил, но кај Yaris Hybrid се чини дека тие може да бидат ограничени на одредени естетски решенија и избор на материјали во кабината, или пак детали како нашата желба да има помалку команди на воланот и во пакетот опрема да биде вклучено и активирање на моторот на копче.

Сепак, тоа се работи кои остануваат во втор план откако ќе се потсоберат импресиите од позитивните страни, кои Yaris ги има навистина многу и ќе носат секојдневен бенефит.

Ние на тест го добивме Yaris Hybrid во Chic Bi-TON ниво на опременост, а актуелната промотивна цена со ова ниво e 18.790 евра, додека за 16.990 евра е понудена Fancy варијацијата, која исто така вклучува речиси се што споменавме погоре во однос на опремата и сите системи за безбедност.

Оние кои сакаат подостапни цени, нема да погрешат и со бензинската изведба, чија цена започнува од 12.490 евра, а наш предлот е комбинацијата со 1.5-литарски мотор и Fancy ниво на опременост, која има промотивна цена од 13.990 евра.

Купувачите не треба да се грижат за батеријата, бидејќи не само што доаѓа со 5-годишна гаранција и уште 5 години бесплатно контролирање во овластен сервис, туку досегашните искуства покажуваат дека таа трае исто колку и автомобилот без да загуби голем дел од својот капацитет.

Овој модел е меѓу најпродаваните во својот сегмент, располага со одличен имиџ и меѓу неговите досегашни сопственици, па со оваа нова генерација има реално остварливи амбиции за надградување на статусот.

Новата генерација на Toyota Yaris Hybrid изгледа привлечно, вози забавно, доаѓа со многу опрема, а хибридниот погон гарантира посакувана економичност и солидни перформанси.

Инвестирањето и вербата на Јапонците во хибридната технологија резултираа со досега најдобрата комбинација, па самополнечкиот Yaris Hybrid е повеќе од практичен и примамлив начин за електрифицирање на „километражата што живот значи“.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental