Slider

Тестови

Тест: Volkswagen Passat GTE – Електрифицирана лимузина која ќе ги засени дизел изведбите

Slider

Електрификацијата се повеќе ги привлекува купувачите, а новиот Passat GTE располага со потенцијал кој ќе го вброи меѓу најповолните PHEV опции на автомобилскиот пазар

30/10/2019

Актуелната генерација на Volkswagen Passat ја започна својата „кариера“ со добивање на признанието Европски автомобил на годината, а колегите новинари кои учествуваа во гласањето со тој потег само го најавија она што неминовно се случува во годините на нејзино присуство на пазарот.

Еволуцијата на најпопуларната германска лимузина му донесе континуитет на Passat во однос на привлечноста која ја диктираат повеќе фактори, но на крајот, она што е најважно, на купувачот му гарантираат долгорочна безгрижност изразена во сериозна бројка со шест цифри.

Четири години подоцна пристигна и освежениот Passat, кој по строг VW рецепт донесе најмалку зафати на екстериерот и ентериерот, а фокусот го насочи кон технологијата и надградба на интелигенцијата. Во случајот со плаг-ин хибридниот Passat GTE кој е наша тема, во игра се сите позитивни промени кои ги доби автомобилот, но и нова прогресивна етапа на погонската единица која е клучна при изборот на GTE во однос на класичниот Passat.

Соодветните козметички зафати на надворешниот изглед го воведуваат возачот во кок-питот каде Passat го задржува препознатливиот распоред на команди, на поконзервативните возачи единствено ќе им недостасува аналогниот часовник, но затоа ќе добијат голем функционален екран осетлив на допир, кој во нашиот случај беше со 9,2-инчна дијагонала. Заедно со 12,3-инчната дигитална инструмент табла, возачот пред себе има информации за се она што сака и може да контролира во секој момент, вклучувајќи го и функционирањето на погонот, односно празнењето/полнењето на батеријата.

Full screenExit full screen

Slider

Комфорните седишта одлично го држат телото и во свијоци, а употребените материјали во опкружувањето не оставаат простор за да се критикува една од легендите на Volkswagen. Со оглед на бројот на ставки вклучени во пакетот опрема навистина е илузорно да се дебатира за тоа дали Passat GTE заслужува комплименти, а дополнителната опрема останува отворена можност за комплетирање уште пософистицирана лимузина. Капацитетот на багажникот е ист кај класичната и GTE изведбата, односно на располагање се почетни 586 литри.

Ако детално се анализира секој детаљ, па и карактеристиките во однос на функционалноста, можеби ќе пронајдете и некоја замерка, но тоа сепак e далеку од доволно да го расипе впечатокот дека сте зад воланот на традиционално квалитетно поткован автомобил, кој постојано е голем проблем на конкуренцијата.

Најважниот елемент поврзан со Passat GTE е погонската единица и одговорот на прашањето како изгледа соработката на 1.4-литарскиот TSI мотор со 156 коњски сили и електро моторот, односно 6-степената DSG трансмисија. Погонската моќност е 218 коњски сили, за спринт до 100 км/ч се потребни 7,4 секунди, а со помош на батеријата со капацитет од 13 kWh, Passat GTE може да мине околу 55 километри само на електричен погон.

Ова се информациите од спецификацијата на Passat GTE и делуваат убедливо, но најважно е како овој плаг-ин хибрид се однесува и како функционира во реални услови.

Управувањето со Passat GTE првично се карактеризира со возни карактеристики кои покажуваат дека тежината од 1.730 килограми не се хендикеп за лимузината, плаг-ин хибридната изведба се вози релаксирано и самоуверено, а секое затворање на вратата го потсетува возачот дека влегува во безбеден кок-пит.

При управувањето во хибридниот GTE режим, возачот постојано контролира кога и колку енергија испраќа во батеријата, а на тој начин се добива и подобра адаптација во однос на оптималниот притисок врз педалот за гас, односно поекономично крстосување со помала експлоатација на турбо-бензинецот и што поконкретно складирање на кинетичката енергија при сопирањето.

Искуството зад воланот на Passat GTE во комбинирани услови ни покажа дека не само што овој автомобил има автономија на електричен погон од респектабилни педесетина километри, туку и дека кога вози во хибридниот режим, просечната потрошувачка на гориво се одржува околу 6 литри на 100 километри, а голем дел од возењето се минува со нулта Co2 емисија.

Доволно е да се додаде дека за полнењето на батеријата со обичен домашен полнач се потребни најмногу шест часа, а цената која ќе треба да ја одвоите за 13 kWh е 42,6 денари доколку се користи евтината тарифа. Стотина километри се поминуваат за помалку од 100 денари, а Volkswagen Passat GTE доаѓа со два типа полначи што значи дека е достапно и користење на брзите јавни полначи каде се потребни околу три часа и тоа без никаков надомест во првите две години од купувањето на автомобилот.

Приклучокот за полнење се наоѓа на предниот лев дел и за негово користење постои процедура која е едноставна, но истовремено и неутрализира било каков ризик при овој процес. Класичен германски рецепт за дисциплинирана употреба без можност за балканско „шорт-кат“ мудрување.

Full screenExit full screen

Slider

Искуството со плаг-ин хибридниот Passat GTE го објаснува големиот интерес за ваквиот тип електрифицирани автомобили на глобално ниво, а она што не смее да се заборави е дека присуството на батеријата не ја прави оваа изведба потешка од на пример најмоќниот дизел во понудата. Истовремено, возењето во GTE режим постојано го надополнува капацитетот на батеријата, па возачот постојано добива позитивен ефект од нејзиното вклучување во погонската единица.

Јасно е дека докажаните бензински и посебно дизел изведби на Passat остануваат актуелни и кај нашите купувачи, но Passat GTE има свои предности. Ја задржува својата препознатлива функционалност како семеен автомобил, ги добива сите напредни технолошки надградби како класичниот модел, има електрична автономија од 55 километри и докажана економичност, а се добива за цена која е пониска од Passat со класичен 2.0-литарски дизел мотор со помала моќност.

Притоа, купувачите на електрифицираниот автомобил ќе добијат и 8-годишна гаранција (160.000 км) за батеријата, а во нивна корист ќе работи и времето бидејќи е јасно дека електричната автономија и ниската просечна Co2 емисија можат да бидат само предност во однос на трошоците и ограничувањата.

Без разлика дали сте фан на електрификацијата, концептот на Passat GTE има моќ за растурање предрасуди и мора да влезе барем во финалето на вашиот избор за следен семеен автомобил.

GTE квалитет
GTE квалитет
GTE квалитет
Ознаката GTE е заштитен знак за плаг-ин хибридите на Volkswagen, a во случајот на Passat присуството на 13 kWh батерија овозможува е-автономија од 55 км.

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Приклучок за полнење
Приклучок за полнење
Приклучок за полнење
Полнењето на батеријата се реализира преку добро скриениот приклучок на предниот лев дел на Passat GTE
Полнењето на батеријата се реализира преку добро скриениот приклучок на предниот лев дел на Passat GTE
Полнењето на батеријата се реализира преку добро скриениот приклучок на предниот лев дел на Passat GTE
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Безбедна процедура
Безбедна процедура
Безбедна процедура
Полнењето e безбеден процес, поврзувањето е едноставно, а „заклучувањето“ на полначот овозможува безгрижно оставање на автомобилот на јавен полнач
Полнењето e безбеден процес, поврзувањето е едноставно, а „заклучувањето“ на полначот овозможува безгрижно оставање на автомобилот на јавен полнач
Полнењето e безбеден процес, поврзувањето е едноставно, а „заклучувањето“ на полначот овозможува безгрижно оставање на автомобилот на јавен полнач
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Полнење меѓу 3 и 5 часа
Полнење меѓу 3 и 5 часа
Полнење меѓу 3 и 5 часа
За целосно полнење на батеријата на обичен 230V приклучок се потребни околу 5 часа, додека на брз полнач процесот трае нешто повеќе од 3 часа
За целосно полнење на батеријата на обичен 230V приклучок се потребни околу 5 часа, додека на брз полнач процесот трае нешто повеќе од 3 часа
За целосно полнење на батеријата на обичен 230V приклучок се потребни околу 5 часа, додека на брз полнач процесот трае нешто повеќе од 3 часа
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Два полнача во пакетот
Два полнача во пакетот
Два полнача во пакетот
Заедно со Passat GTE, купувачот добива два полнача. Првиот за обичен домашен приклучок, додека вториот за побрз полнач, со максимална моќност од 3,6 kW
Заедно со Passat GTE, купувачот добива два полнача. Првиот за обичен домашен приклучок, додека вториот за побрз полнач, со максимална моќност од 3,6 kW
Заедно со Passat GTE, купувачот добива два полнача. Првиот за обичен домашен приклучок, додека вториот за побрз полнач, со максимална моќност од 3,6 kW
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider