Slide

Тестови

Тест: Volvo XC40 T5 Recharge; со три цилиндри и преден погон до 100км за 90 денари

Slide

Овој модел е прв во 94-годишната историја кој наместо четири, нуди три цилиндри во линија. Но, токму историјата на Volvo е полна со радикални чекори и иновации кои многу често ги поставувале стандардите или го сетирале трендот во кој се движи целата индустрија.

09/07/2021

Да, податоците во насловот се точни и проверени, но важат за одреден профил на купувачи. Тоа се дисциплираните возачи кои најчесто возат низ урбани средини. Ќе објасниме се, но да одиме по ред.

Значи, на тест ја добивме плаг-ин хибрид изведбата на Volvo XC40 со ознака “Recharge” – вака Volvo од неодамна ги брендира сите електрифицирани и електрични возила, како замена за ознаката “Twin-Engine” која ја користеше до лани.

Тоа значи дека освен бензинскиот 1.5-литарски турбо мотор, за максималните 262КС придонесува и електричен мотор со сила од 82КС. И двата мотора го придвижуваат само предниот погон, што не е случај со поголемите SUV модели на шведскиот производител.

И како фактот дека се работи за плаг-ин хибрид да не е доволен за да предизвика дилеми кај купувачите кои имаат резерви кон електрифицираните изведби, Volvo во спецификацијата додава уште неколку податоци кои отвораат дискусија: три цилиндри и преден погон од една страна, но и нова генерација на безбедносни системи и можност за екстремно ниска потрошувачка, од друга страна.

Овој модел е прв во 94-годишната историја кој наместо четири, нуди три цилиндри во линија. Но, токму историјата на Volvo е полна со радикални чекори и иновации кои многу често ги поставувале стандардите или го сетирале трендот во кој се движи целата индустрија.

Вакви радикални чекори не изостануваат и денес: Шведскиот производител е прв кој понуди PHEV изведби кај сите модели во гамата; Сите модели на Volvo добија “Top Safety Plus” (TSP+) оценка од IIHS (Американската Агенција за Безбедност во Сообраќајот); City Safety системот на Volvo (со кој беше опрмен и моделот на тест) е единствен во индустријата кој може да детектира автомобили, пешаци, велосипедисти и големи животни како што се елените, на пример. Овие постигнувања имаат за цел да ја остварат големата цел која си ја постави производителот: да нема смртен случај или посериозно повредени патници во Volvo.

И доколку сте еден од оние потенцијални купувачи кои имаат дилеми дали денес, во 2021 година е вистинско време да се избере електрифициран автомобил, идните купувачи на Volvo нема да имаат вакви главоболки: Volvo се обврза започнувајќи од 2025 да продава само електрифицирани модели – значи изборот ќе биде или хибриден или комплетно електричен погон.

galerija1
Идентичен изглед
Во надвоершниот изглед "Recharge" воопшто не се разликува од останатите изведби, освен дополинтелниот приклучок за полнење кој е поставен на десната задна страна.
galerija1
Стартување на електричен погон
Доколку батеријата не е комплетно испразнета, XC40 Recharge за тргнување го користи само електричниот погон. Стартувањето на електричен погон е навистина пријатно доживување, карактеристично за хибридните модели.
galerija1
40-тина километри електрична автономија
Според строгите WLTP норми, автономијата на електричниот погон изнесува 46 километри. Во електричниот режим на возење "Pure" може да поминете помеѓу 30 и 40 километри во реални услови на возење.
galerija1
Полнење за 6 часа
Полнењето на 10.7kWh батерија трае 6 часа на домашен електричен приклучок од 2.3kW. За да ја наполните за нешто повеќе од 2 часа, ќе ви биде потребен ѕиден полнач.
galerija1
100км автономија за само 90-тина денари
Со три полнења на батеријата од 10.7kWh можете да поминете реални 100-тина километри, а трите полнења во ноќните часови вкупно ќе ве чинат само околу 90 денари.
galerija1
"Volvo On Call" мобилна апликација
Преку "Volvo On Call" апликацијата вклучувате тајмер кој овозможува полнењето на батеријата да се активира во ноќните часови кога електричната енергија кај нас е двојно поевтина (3.52 денари/kWh).

претходна
следна

ДИЗАЈН

Во надвоершниот изглед “Recharge” воопшто не се разликува од останатите изведби, освен дополинтелниот приклучок за полнење кој е поставен на десната задна страна. Производителот со задоволство нагласува дека успешно е вклопена батеријата со капацитет од 10.7kWh без да се жртвува ниту милиметар од просторот во кабината и багажникот.

ВНАТРЕШНОСТ

Заради формата на задниот дел од XC40, кој не се спушта во форма на купе како кај некои од конкурентите во сегментот, просторот на задната клупа е покомфорен од очекувањата и тука високите патници нема да имаат проблем. Исто така, просторот за нозете е повеќе од доволен.

Материјалите во внатрешноста се на ниво на било кој од германските ривали од “премиум” сегментот. Аудио системот Harman Kardon го надополнува премиум чувството, а Volvo го нагласува своето педигре преку кристалната рачка на менувачот од шведскиот бренд Orrefors и дрвените лајсни на вратите кои потекнуваат од специјално одгледани дрва од Скандинавија.

Во “Inscription” пакетот е вклучена и навидум едноставна, но многу важна функција која ќе ја ценат оние кои барем еднаш возеле деца на задните седишта: Копче за заклучување на задните врати и прозорци, елегантно поставено на вратата од страната на возачот. Многу од моделите кои сме ги возеле немале ваква опција, била ограничена само на прозорците или пак, активирањето/деактивирањето било тешко достапно и неинтуитивно.

БАГАЖЕН ПРОСТОР

Како што спомнавме, багажниот простор не е намален во однос на банзинските изведби. 452 литри, плус дополнителни 54 литри доколку се смета и просторот околу резервното тркало.

Со спуштање на задните седишта се добива практичен рамен под со 1.328 литри товарен волумен.

Кога се работи за капацитет на багажен простор, формата на товарниот простор е безмалку исто толку важна како и големината. Овој модел има товарен простор го задоволува и овој критериум.

galerija1
Рачка за менувачот од Orrefors кристал
Volvo го нагласува своето педигре преку кристалната рачка на менувачот од шведскиот бренд Orrefors
galerija1
Специјално "премиум" дрво
Дрвените лајсни во ентериерот потекнуваат од специјално одгледани дрва од Скандинавија.
galerija1
452 литри, плус дополнителни 54 литри
Со спуштање на задните седишта се добива практичен рамен под со 1.328 литри товарен волумен.
galerija1
Поглед во 360 степени
При паркирање, искористете ги камерите кои снимаат во 360 степени и ви даваат поглед од птичја перспектива на возилото и околината, при што паркирањето во тесен простор е лесно и интересно.
galerija1
Безгрижно отворање на багажникот
Багажникот може да го отворите без користење на рацете, згодна функционалност кога носите товар.
galerija1
12V електричен приклучок
Практичноста на Швеѓаните е изразена и преку 12V приклучок во багажниот простор.
galerija1
Безмалку идентичен изглед како останатите изведби
Во надвоершниот изглед "Recharge" воопшто не се разликува од останатите изведби, освен дополинтелниот приклучок за полнење кој е поставен на десната задна страна.
galerija1
Полнење за 2.5 часа
Полнењето на 10.7kWh батерија трае 6 часа на домашен електричен приклучок од 2.3kW.
galerija1
Предизвик за "германската" конкуренција
Материјалите во внатрешноста се на ниво на било кој од германските ривали од "премиум" сегментот.

претходна
следна

ВОЗЕЊЕ

Доколку батеријата не е комплетно испразнета, XC40 Recharge за тргнување го користи само електричниот погон. Стартувањето на електричен погон е навистина пријатно доживување, карактеристично за хибридните модели. Но, доколку сакате побрз старт од овој SUV кој тежи 1.800кг, тогаш при нагло притискање на педалата за забрзување се вклучува и бензинскиот мотор. Вклучувањето е рафинирано и единствено што пријатно ќе ве изненади е дополнителната сила.

Го возевме XC40 низ планински предели на Шар Планина и може да потврдиме дека возењето низ тесни свиоци е пријатно и удобно како резултат на управувањето кое кај овој SUV е прецизно и екстремно лесно.

Поминете барем еден ден со XC40 “Recharge” низ планински превои и “трите цилиндри” веднаш ќе ги тргнете од вашиот список со дилеми поврзани со овој модел. Површното читање на спецификацијата често знае да не доведе до погрешен заклучок.

Имено, некои од британските колеги споредбено го тестираа забрзувањето од 0-100km/h на “XC40 Recharge” и XC40 T5 со бензински 2.0l мотор со четири цилиндри и погон на сите тркала.

Според спецификацијата, плаг-ин хибридот од 0-100km/h забрзува за 7.3 секунди, а бензинецот за само 6.5 секунди. Коментарот на нивнот уредник по тестот: “Не ми е гајле што вели спецификацијата, плаг-ин хибридот е побрз”. Во прилог и линк до видеото.

Потребно е време да се навикнете на педалата за сопирање, што е особина на повеќе PHEV модели, а изразена е и кај овој SUV. Наша препорака е да ја исклучите “Autohold” опцијата доколку маневрирате низ тесен простор (на пример при паркирање) бидејќи се вклучува и при благо притискање на сопирачките кога сакате само да ja намалите брзината, а не да сопрете во место. Наместо тоа, искористете ја камерата која снима во 360 степени и ви дава поглед од птичја перспектива на возилото и околината, при што паркирањето во тесен простор е лесно и интересно.

ХИБРИДЕН ПОГОН

Според строгите WLTP норми, автономијата на електричниот погон изнесува 46 километри. Во електричниот режим на возење “Pure” може да поминете помеѓу 30 и 40 километри во реални услови на возење.

Тоа е во рамките на очекувањата за еден плаг-ин хибрид. Доколку го вклучите “B” режимот на возење, ќе добиете поголема заштеда на енергија бидејќи во тој режим со отпуштање на педалата за забрзување XC40 го зголемува ефектот на регенеративното сопирање, односно возилото интензивно ќе ја намалува брзината и без да притискате на сопирачките. Кинетичката енергија креирана при сопирањето во овој режим на возење се користи за полнење на батеријата.

Освен режимот на возење “Pure” со чие активирање избирате да возите само на електричен погон, за дополнителна контрола врз полнењето и празнењето на батеријата, преку централниот екран може да изберете уште две опции: бензинскиот мотор да ја полни батеријата додека возите или, пак, возилото воопшто да не го троши капацитетот на батеријата, со што ќе може да ја сочувате за понатамошно користење.

Полнењето на 10.7kWh батерија трае 6 часа на домашен електричен приклучок од 2.3kW. За да ја наполните за нешто повеќе од 2 часа, ќе ви биде потребен ѕиден полнач. И во двата случаи полнењето на батеријата во домашни услови е навистина згодно: го паркирате вашиот автомобил во гаража, го приклучувате на електричниот приклучок, а преку Volvo On Call апликацијата вклучувате тајмер кој овозможува полнењето на батеријата да се активира во ноќните часови кога електричната енергија кај нас е двојно поевтина (3.52 денари/kWh).

ЗАКЛУЧОК/ПРЕПОРАКА

Доколку вашиот избор е електрифицирано возило, и можете да си дозволите “премиум” возило, тогаш XC40 е одличен избор за вас. Но, дали плаг-их хибридите како концепт се вистинскиот избор за вас зависи од повеќе фактори.

Прво, дали имате услови за секојдневно полнење на батеријата. Доколку живеете во куќа или евентуално во зграда, но на приземје, ова е изводливо за вас. Или, можеби, доколку имате услови да го полните на додека сте на работа. Но, доколку живеете во стан, полнењето во домашни услови е практично невозможно.

Од друга страна, полнењето на станица за брзо полнење е преголем секојдневен ангажман за 40-тина километри електрична автономија кои ќе ги добиете за возврат, освен ако некој од брзите полначи на EVN се наоѓа баш на паркингот пред вашата зграда.

Второ, дали сте дисциплинирани и одлучни да ја полните батеријата секојдневно? Голем дел од купувачите не ги полнат редовно своите плаг-ин хибриди. Од друга страна, купувачите во “премиум” сегментот често се одлучуваат за хибриди, но не за да заштедат во однос на потрошувачката, туку бидејќи хибридното возило се вклопува во нивниот животен стил.

И трето, колку и каде најчесто ги минувате километрите на дневна основа? Доколку најчесто транзитирате низ урбани средини и вашиот дневен опсег е околу 40-тина километри, што е секојдневие за голем дел од возачите – вие може да возите исклучиво на електричен погон.

Значи, доколку трите услови се исполнети, плаг-их хибридите како концепт се идеални за вашите навики. Во тој случај трошокот за експлоатација е импресивно мал. Со три полнења на батеријата од 10.7kWh можете да поминете реални 100-тина километри, а трите полнења во ноќните часови вкупно ќе ве чинат само околу 90 денари.

Доколку го возите овој плаг-ин хибрид без редовно полнење на батеријата, потрошувачката е околу 5 литри на 100 километри, што не е за потценување. Но, математички гледано, при ова сценарио тешко може да ја оправдате дополнителната цена на “Recharge” во однос на бензинските изведби на XC40.

Во секој случај, преминот кон електрифицираните возила се логичен чекор кој ќе не одведе до крајната цел – возила на електричен погон. Возењето електрифицирано возило дава чувство кое тешко може да се изрази само преку бројки и пресметки. Доколку не сте возеле плаг-ин хибрид, наш совет е да пробате. Ние сме возеле во повеќе наврати, па нам електричната иднина ни изгледа многу блиску.

Volvo, како пионер во развојот на нови технологии, преку овој одличен модел – иднината ни ја носи побргу од останатите.

Цена на моделот на тест 53,350 Еур

Потрошувачка на гориво и автономија: 2.0-2.4l/100km (WLTP) 
Капацитет на резервоарот за гориво: 48 литри 
Потрошувачка при возење во електричен режим: 0l/100km 
Потрошувачка при возење без полнење на батеријата: 5.2l/100km
Технички карактеристики: 0-100km/h 7.3sec 
Максимална брзина: 180km/h 
Мотор: 3 цилиндри, 1477cc, турбо, бензински мотор/електричен мотор 
Моќност – Бензински мотор: 132 kW (180 hp) / 5800 rpm
Моќност – Електричен мотор: 60 kW (82 hp) / 4000 rpm
Максимален вртежен момент: 216Nm 1500-3000rpm 
Трансмисија: 7-степен автоматски менувач 
Капацитет на багажен простор: 452 литри 
Тежина на возилото: 1812kg
Должина: 4.425мм 
Ширина: 1863/2034 mm 
Висина: 1652 mm 
Меѓуоскино растојание: 2702 mm 
Растојание од земјата (клиренс): 211мм

Погледнете некои од останатите наши содржини за хибриди:

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели