Slide

Вести

Тиери Коскас, долгогодишен соработник на Таварес, е нов главен извршен директор на Citroën

Slide

Коскас, кој е на 58-годишна возраст, ќе го наследи Винсент Кобе (54), кој заминува од компанијата. Промените ќе се ефектуираат од 01-ви март.

24/02/2023

Тиери Коскас – новиот главен извршен директор на францускиот автомобилски производител Citroën, кој пред назначувањето на новата позиција беше и сѐ уште е главен директор за продажба и маркетинг во групацијата Stellantis, ќе ја задржи и тие позиции.

Во автомобилската индустрија за Коскас се вели дека е комерцијален специјалист. Негова главна задача ќе биде овозможување на францускиот бренд да понуди достапни електрични автомобили во услови на сѐ поголема конкуренција во овој сегмент во Европа, пред сѐ од страна на евтините кинески нови брендови. Овој заклучок е наведен во соопштението од страна на Stellantis по повод неговото назначување.

Коскас, кој е на 58-годишна возраст, ќе го наследи Винсент Кобе (54), кој заминува од компанијата. Промените ќе се ефектуираат од 01-ви март.

Според Stellantis, Коскас е назначен на новата позиција во време на “сѐ поголеми предизвици поврзани со достапноста на електрифицираната мобилност за потрошувачите и пристигнувањето на нови производители на автомобилскиот пазар”.

Карлос Таварес, извршниот директор на Stellantis, минатиот месец изјави дека европската автомобилска индустрија е не крстопат во однос на конкуренцијата со кинеските ривали. Според него, европската авто-индустрија може да биде приморана да го намали производствениот капацитет соочена со сѐ поголемата конкуренција од Кина.

Што се однесува до конкретните чекори на Citroën во однос на електрификацијата на брендот, од сега веќе поранешниот директор Кобе, минатата година беше најавено дека четирициклот Ami и новиот модел базиран на Oli концептот ќе бидат адути на брендот во однос на најдостапниот сегмент на електрични автомобили.

Од друга страна, комплетно електричната гама на Citroën во моментов ги вклучува e-C4, како и вановите е-Berlingo и е-SpaceTourer. 

Коскас направи трансфер во редовите на тогашната PSA групација откако претходно беше на извршни позиции во домашниот ривал Renault. Тој најпрво беше задолжен за продажба и маркетинг во Peugeot, Citroën, DS и Opel. 

Тој овие функции ги задржа и по спојувањето на PSA со FCA во 2021 година. Најавено е дека тој и понатаму ќе ги задржи овие позиции.

Претходно, Коскас помина околу две децении во конкурентскиот производител Renault. 

Трансферот во PSA го спои Коскас со бившиот колега од Renault – Карлос Таварес. Имено и двајцата беа дел од тимот на Карлос Гон. 

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели