Slider

Вести

Тивко збогување: Пазарниот удел на дизел изведбите во Европа падна до 27 проценти

Slider

23/11/2020

Европските купувачи се поретко избираат дизел изведба при купувањето нов автомобил, а статистиката покажува дека во првите девет месеци годинава, во западноевропските земји нивниот пазарен удел паднал до 27 проценти.

Тоа е намалување од 31 процент во однос на истиот период минатата година и од 58 проценти во 2011 година.

Германскиот експерт Фердинанд Дуденхефер вели дека ова е тренд кој не може да биде запрен, па дизелот ќе остане интересен само за одреден број категории купувачи.

– Погонската електрификација го „изеде“ дизелот. Построгите еколошки норми во ЕУ, но и одлуката за забрана на продажба на изведби со мотор со внатрешно согорување како таа на Обединетото Краслтво ќе го забрзаат процесот.

– Се работи за тивко збогување, но не постои начин дизел моторите да ја вратат својата актуелност.

– Последните бастиони на дизел моторите ќе бидат големите SUV модели, комерцијалните возила и големите флотни автомобили, – вели Дуденхефер.

Тој потенцира дека во Германија, уделот на дизел изведбите е 30 проценти, во Франција 31%, додека најизразен е падот во земји како Норвешка (10%) и Холандија (4,5%).

– Со овој тренд во Европа, дизелот го губи својот последен голем пазар и ќе остане да се употребува само во комерцијалниот и транспортниот сектор. Исто така, на производителите нема да им се ислати развивање на нови дизел мотори, бидејќи постојат подобри начини да ја намалат просечната Co2 емисија, – дополнува истакнатиот експерт.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider