Slider

Вести

Тјери Болорe ќе биде нов CEO на Jaguar Land Rover

Slider

Откако Ралф Шпет пред неколку месеци најави дека ќе извршува само неизвршна потпретседателска функција во иднина, JLR ги разгледуваше опциите пред да ја донесе конечната многу важна одлука, а изборот е Тјери Болорe

28/07/2020

Jaguar Land Rover официјално ја заврши потрагата по нов Извршен директор и носител на највисоката менаџерска позиција во компанијата.

Откако Ралф Шпет пред неколку месеци најави дека ќе извршува само неизвршна потпретседателска функција во иднина, JLR ги разгледуваше опциите пред да ја донесе конечната многу важна одлука, а изборот е Тјери Болорe.

Болорe има долго искуство во автомобилската индустрија, негова последна функција беше водењето на Renault Group, а претходно бил дел од раководството на Faurecia.

– За мене е вистинско задоволство да му посакам добредојде на Тјери во Jaguar Land Rover. Се работи за докажан менаџер во глобалниот бизнис кој спроведувал комплексни трансформации и сигурни сме дека ќе донесе многу искуство и на една од најпосакуваните позиции во индустријата, – вели Натарајан Чандрасекаран, претседател на Tata Sons, Tata Motors и Jaguar Land Rover.

Болоре беше CEO на Renault Group откако функцијата ја напушти Карлос Гон, но беше заменет под притисок на партнерот од алијансата Nissan, чие раководство го сметаше за близок соработник на Гон.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider