Slider

Вести

Томас Шефер е назначен за нов CEO на Škoda

Slider

Последната функција на Шафер беше прв човек на Volkswagen во Јужна Африка, од каде менаџирал со развојот и продажбата на сите брендови на групацијата кои се присутни во суп-сахарскиот дел на Африкa

03/08/2020

Неколку недели откако стана јасно дека Бернард Мајер ја напушта највисоката функција во Škoda, чешкиот производител го избра неговиот наследник.

Се работи за Томас Шефер кој ја започнал својата кариера во авто-индустријата во Daimler, но од 2012 година прави трансфер во групацијата Volkswagen.

Последната функција на Шефер беше прв човек на Volkswagen во Јужна Африка, од каде менаџирал со развојот и продажбата на сите брендови на групацијата кои се присутни во суп-сахарскиот дел на Африка. Според групацискиот извештај, Шефер помогнал за зголемување на импортерските компании и го зголемил пазарниот удел на брендовите до 23,5 проценти.

Мајер ја предводеше Škoda пет години, поточно во најуспешниот период во кој чешкиот производител го подобруваше продажниот рекорд од година во година.

Шефер треба да продолжи со развивање на потенцијалот на брендот кој добива одличен прием меѓу купувачите, а покрај во Европа, е присутен и на кинескиот пазар.

Засега не е познато дали Мајер ќе добие нова функција во рамките на Volkswagen AG.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider