Slide

Вести

Tonale – најмалиот SUV на Alfa Romeo пристигнува во 2020 година

Slide

Со оглед на димензиите и приоритетите, Tonale би требало да биде поставен на иста платформа со Jeep Renegade.

20/08/2019

Alfa Romeo одамна најави дека ќе го зголеми своето SUV портфолио со модел кој ќе биде поставен под актуелниот Stelvio, a автомобилот кој го доби името Tonale ќе стигне во продажните салони до крајот на следната 2020 година.


Италијанците веќе го претставија концептот на последното саемско издание во Женева, а добро упатените во потезите кои ги влече Alfa, велат дека се работи за верзија која е многу блиску до изгледот на Tonale за сериско производство.


Со оглед на димензиите и приоритетите, Tonale би требало да биде поставен на иста платформа со Jeep Renegade, a на екстериерот и ентериерот лесно ќе бидат забележани традиционални Alfa елементи, но и модерна интерпретација на кок-питот и елементите во него.


Инфо-забавниот систем ќе се контролира преку централен екран на допир со дијагонала околу 10 инчи, а се уште не е потврдено кои мотори би биле дел од понудата на Tonale.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа